ПСЖ плати 70 милиони евра за португалски тинејџер
Младиот португалски играч за врска Жоао Невес (19) ја напушти Бенфика и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Невес потпиша договор со ПСЖ до 2029 година, а според француските медиуми Бенфика ќе добие 60 милиони евра, и евентуален бонус од 10 милиони евра. Младиот играч за врска е производ на младинската академија на Бенфика, тој дебитираше за првиот тим во …
Continue Reading
Ван Гал одбил понуда од германскиот великан Баерн
Познатиот холандски тренер, Луј ван Гал, не работи веќе две години. Последниот меч како тренер го одработи на клупата на Холандија, кога на светското првенство во Катар доживеа елиминација на пенали од Аргентина, во четвртфиналето. Холандскиот стручњак има 72 години и го победи ракот на простата и според интервјуто кое го даде за ESPN, се чини дека повеќе не размислува …
Continue Reading
Шок во Бергамо – Тешка повреда на Скамака
Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака ги скинал вкрстените лигаменти на коленото, пренесуваат локалните медиуми. Скамака блесна минатата сезона и беше еден од клучните играчи за историската сезона на Аталанта која го освои трофејот во Лига Европа и се пласира во Лигата на шампионите. Се очекува тој да отсуствува од терените меѓу шест и седум месеци, а би можел да се врати …
Continue Reading
Симонс останува на позајмица во Лајпциг
Фудбалерот на Пари Сен Жермен Чави Симонс до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Лајпциг, соопшти германскиот клуб. Симонс кариерата ја започна во школата на Барселона, а во 2019 година се пресели во Пари Сен Жермен. Потоа во сезоната 2022/2023. играше за ПСВ Ајндховен, но по само една година се врати во францускиот клуб. 21-годишниот играч и минатата …
Continue Reading
Галагер се договорил со Атлетико Мадрид
Атлетико Мадрид подготвува уште еден голем трансфер. Откако на „Метрополитано“ пристигнаа репрезентативците на Шпанија и Норвешка, Робин Ле Норман и Александер Серлот, во клубот го чекаат англискиот репрезентативец Конор Галагер. Галагер е капитен на Челси, но за него повеќе нема место на „Стенфорд Бриџ’. Астон Вила покажа сериозен интерес за него, но како што објаво трансфер-инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, Галагер …
Continue Reading
Крос е најдобар фудбалер во Германија, а Чаби Алонсо е најдобар тренер
Тони Крос е прогласен за најдобар германски фудбалер за сезоната 2023/2024, додека Чаби Алонсо од Баер Леверкузен е прогласен за најдобар тренер, откако ја освои титулата во Бундес лигата без пораз, прва во историјата на клубот. Крос по втор пат ја доби наградата што ја доделува германскиот спортски магазин „Кикер“, претходно за најдобар беше пргласен во 2018 година. Крос минатиот …
Continue Reading
Атлетико Мадрид го потврди трансферот на Серлот
Атлетико Мадрид го заврши трансферот на Александер Серлот. Норвежанецот минатата сезона ја зашрши како втор најдобра стрелец во Примера со 23 гола. Атлетико извиси за Артјем Довбик, Украинецот реши да ја прифати понудата на Рома кој му понудо поголема плата, но веднаш го реши проблемот. „Јорганџиите“ ја активираа откупната клаузула. За трансферот на Серлот, Атлетико фиксно плати 32 милиони евра, …
Continue Reading
Рајковиќ се сели во Саудиска Арабија
Српскиот голман Предраг Рајковиќ го договорил трансферот во Ал Итихад. Клубот од Саудиска Арабија се реши за српскиот голман откако не успеа да го донесе Бразилецот Едерсон од Манчестер сити. Ал Итихад трасферот ќе го чини 11 милиони евра. Српскиот голман успеа да ја наплати добрата сезона во Мајорка и добриот настап на Европското првенство. Рајковиќ е третиот српски репрезентативец …
Continue Reading
Филкруг го засили Вест Хем
Николас Филкруг кариерата ја продолжува во Премиер лигата, тој официјално е нов фудбалер на Вест Хем. Германскиот напаѓач пристигна во Лондон од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 27 милиони фунти. 31-годишниот фудбалер постигна 15 гола на 46 натпревари во неговата прва и единствена сезона во Дортмунд, на кого му се приклучи од Вердер Бремен за 12,6 милиони фунти минатото лето. …
Continue Reading