Мбапе ќе дебитира за Реал во Суперкупот на Европа
Килијан Мбапе, новиот играч на Реал Мадрид, во среда ќе ја има првата шанса да игра во дресот на новиот клуб, во Варшава, во финалето на Суперкупот на Европа против Аталанта. Мабпе не ги мина комплетните подготовки со Реал. По завршувањето на ЕП и официјалната промоција во новиот клуб тој доби продолжен одмор. Не беше со тимот на американската турнеј. …
Continue Reading
Барселона му порача на Фати дека мора да го напушти клубот
Челниците на Барселона му порачале на Анс Фати (21) дека мора да го напушти клубот ова лето, објави каталонски „Спорт“. Овој извор тврди дека на Фати му било кажано дека тренерот Ханси Флик повеќе не смета на него и дека ќе мора да бара нов работодавец бидејќи е прескап да биде резерва. Барселона сака да го продаде, но опција е …
Continue Reading
Судската постапка против Манчестер Сити ќе започне во септември
Фудбалскиот клуб Манчестер Сити ќе биде сослушан во септември за дури 115 обвиненија поврзани со прекршување на финансискиот фер-плеј. Финансискиот фер-плеј, спротивно на очекувањата и логиката, досега им донесе најмала грижа на најголемите трошачи и на најбогатите. Сепак, правдата би можела да го стигне Манчестер Сити. „Тајмс“, пишува дека рочиштето било закажано за ноември, но независната комисија проценила дека може …
Continue Reading
Зубименди го одби Ливерпул
Мартин Зубименди одби да се пресели во Ливерпул. Шпанскиот репрезентативец реши да остане во Реал Сосиедад. Ливерпул имаше намера да ја активира откупната клаузула на Зубименди од 60.000.000 евра. За својата намера го извести Реал Сосиедад, но по неколку дена Зубименди порача дека сака да остане на „Аноета“. Минатото лето, Зубименди ги одби понудите од Барселона и Арсенал. Зубименди (25) …
Continue Reading
Винисиус добил понуда од 1.000.000.000 евра
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус добил понуда вредна повеќе од една милијарда евра од Саудиска Арабија. Извори блиски до бразилскиот крилен напаѓач во понеделникот го потврдија тоа за Ројтерс. Официјални лица на саудискиот фонд за јавни инвестиции (ПИФ) го контактирале Винисиус (24) и го прашале дали е заинтересиран да дојде во земјата. Винисиус има петгодишен договор на маса, вреден околу …
Continue Reading
Алварез и официјално е фудбалер на Атлетико Мадрид
Атлетико го официјализира трансферот на Хулијан Алварез. 24-годишниот Аргентинец потпиша петгодишен договор со „јорганџиите“. Атлетико за Алварез на Манчестер сити му плати 75 милиони евра во кеш, плус потенцијални 20 милиони преку бонуси. Во претходните две сезони за Манчестер сити во сите натпреварувања, Алварез постигна 36 гола и имаше 18 асистенции на 103 натпревари. Во 2022 година Сити го донесе …
Continue Reading
Рекордна продажба на Абердин – Миовски се сели во Џирона
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, „твитна“ дека македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кариерата ќе ја продолжи во Џирона. Џирона, хитот во Примера минатата сезона бааше напаѓач кој ќе го замени најдобриот стрелец во лигата, Артем Довбик. Украинецот пред две недели за 38.000.000 евра се пресели во Рома. Изборот на каталонскиот клуб е Миовски, кој во претходните две сезони постигна по 16 …
Continue Reading
Јувентус ги започна преговорите со Калулу од Милан
Францускиот дефанзивец на Милан, Пјер Калулу е пред трансфер во Јувентус. „Старата дама“ доставила понуда за играчот до Милан, кој добил дозвола од клубот да преговара за финансиските услови. Станува збор за заем со опција за откуп. Јувентус за позајмицата би издвоил три милиони, а уште 14 милиони на крајот од сезоната доколку реши да го откупи неговиот договор. Калулу …
Continue Reading
Барселона може да заборави на Нико Вилијамс
Барселона може да заборави на Нико Вилијамс. Еден од најдобрите фудбалери на Шпанија во походот на европската титула ќе остане на „Сан Мамес“. Вилијамс на социјалните мрежи со една фотографија потврди дека нема ништо од трансфер во Барселона. „Горд сум што добив десетка од Муниаин, да испишам историја каква што испиша тој“, напиша помладиот од браќата Вилијам. 🔴⚪️🔟 Nico Williams: …
Continue Reading