Миовски ќе дебитира против Атлетико Мадрид
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски викендов ќе го има дебито во дресот на Џирона. Клубот од Каталонија го регистрираше напаѓачот за чии трансфер од Абердин издвои 8.500.000 евра. На „Монтоливи“, Моивски ќе го носи бројот 19. „Ас“, пишува дека Миовски веројатно ќе биде стартер во дербиот на колото, в недела на „Сивитас Метролопитано“, против Атлетико Мадрид. Според овој извор, Миовски против …
Continue Reading
(Видео) Де Геа се врати по 447 дена, прими три гола
Давид Де Хеа пред две недели потпиша едногодишен договор со Фиорентина со можност за продолжување на соработката на дополнителна сезона. Вчера тој дебитираше за италијанскиот клуб на официјален натпревар, 447 дена откако последен пат застана меѓу стативите. Прими три гола, а Фиорентина ремизираше со Академија Пушкаш 3:3 во првата средба од баражот за пласман во групите во Конференциската лига. Да …
Continue Reading
Компани не сакал Де Лихт да биде продаден
Холандскиот дефанзивец, Матијс де Лихт од Баерн се пресели о Манчестер јунајтед за 45 милиони евра. Де Лихт, минатиот викенд дебитираше во дресот на новиот клуб. Одлуката околу трансферот ја донеле челниците на Баерн покрај желбата на тренерот Венсан Компани, Холанѓанецот да остане во Минхен. Како што објави „Атлетик“, Компани остро се спротивставил на заминувањето на поранешниот дефанзивец на Ајакс, …
Continue Reading
(Видео) Вознемирувачки сцени во Сао Паоло: Фудбалер на Насионал се онесвести среде натпревар
Сао Паоло рутински го елиминира Насионал од Монтевидео во Копа Либертадорес. По 0:0 во првиот меч во Уругвај, бразилскиот тим на домашен терен победи со 2:0, со головите на Бобадиља и Калери. Четвртфиналниот реванш на стадионот „Мурумбу“ остана во сенка ужасната сцена од 85.минута, кога дефанзивецот на Насионал, Хуан Искијердо, колабираше на теренот. Que imagem assustadora, velho Melhoras e forças …
Continue Reading
Дибала ги одби милиони од Саудиска Арабија, реши да остане во Рома
Паоло Дибала сепак ги одби милини од Саудиска Арабија (75.000.000 евра за три сезони) и реши да остане во Рома, каде оваа сезона ќе игра за „само“ 6.000.000 евра. Аргентинецот кој има 30 години го одби најголемиот договор за кариера. Прашање е дали некогаш повторно ќе добие ваква понуда. Но, тој сакаше да остане во Италија и Рим и да …
Continue Reading
Партизан пред историски неуспех во европските купови
Фудбалскиот клуб Партизан минува низ најтешкиот период во својата историја. Црно-белите, вечерва доживеаја пораз во Белград од Гент (0:1), во првиот меч од пелј-офот за пласман во Конференциската лига. Партизан, сезоната на евриопската сцена ја започна во квалификациите за Лигата на шампионите, но во два натпревари доживеа убедлив пораз од Динамо Киев. Потоа беше елиминиран и од Лугано во квалификациите …
Continue Reading
(Видео) Пајакови мрежи, мотори, огномет – Атлетико ги претстави засилувањата
Атлетико Мадрид донесе четири сериозни засилувања за 183 милиони евра. На „Метрополитано“ пристигнаа Хулијан Алварез, Конор Галагер, Робин ле Норманд и Александер Серлот. На навивачите им ги претстави на спектакуларен начин. На промоцијата имаше сè – холограми, ласери, виолини, мотори и гласна музика. Пред околу 30.000 фанови, најпрвин Ле Норман и Серлот излегоа на теренот, а потоа следеше целосен спектакл. …
Continue Reading
Аталанта ги одби 50.000.000 евра на Јунајтед
Аталанта ја одби понудата на Манчестер Јунајтед од 50.000.000 евра за бразилскиот фудбалер Едерсон. Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Аталанта му порачале на раководството на англискиот клуб дека не сакаат да го продадат Едерсон, бидејќи сезоната во Серија А веќе започна. Едерсон (25) пред две години пристигна во Аталанта од Салернитана за 23 милиони евра, а со тимот од …
Continue Reading
Арсенал нуди 100 милиони за Осимен
Виктор Осимен би можел (конечно) да се пресели во Арсенал за 100 милиони евра. Долго време траает шпекулациите дека Осимено ќе го напушти Наполи. Нигериецот, според медиумите во Италија, побарал трансфер. Прашање е само дали трансферот ќе биде реализиран до крајот на преодниот рок. „Кориере дело Спорт“ тврди дека Арсенал е подготвен да плати дури 100 милиони евра за 25-годишниот …
Continue Reading