Бенфика го отпушти Роџер Шмит

Германскиот стручњак Роџер Шмит повеќе не е тренер на фудбалскиот тим Бенфика, објави претседателот на португалскиот клуб Руи Кошта. Како што соопшти поранешниот играч на Милан и Фиорентина, Шмит денеска е сменет по лошиот старт на тимот во новата сезона. Бенфика освои седум од можни 12 бода во првите четири кола од шампионатот, а синоќа спаси бод против Мореиренсе со …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Видео) Атлетико во 92.минута ги однесе бодовите од Билбао

Атлетико Мадрид славеше победа на „Сан Мамес“ во Билбао, во дерби мечот одигран во четвртото коло во Примера. Златната резерва на Чоло Симеоне, Анхел Кореа, му ја донесе победата на Атлетико во 92.минута. Атлетико минатата сезона два пати гостуваше во Билбао и два пати беше целосно надигран, 2:0 во Примера и 3:0 во Купот славеше Атлетик. Вечерва, тимот на Симеоне …

Continue Reading

(Видео) Лапјциг го направи невозможното, го победи Баер Леверкузен

Лудата серија на Баер Леверкузен во Бундес лигата заврши на неверојатен начин. „Фармацевтите“ имаа два гола предност, но загубија од Лајпциг 2:3 на домашен терен. Елиф Елмас, како и во првото коло, не доби шанса во тимот на Лајпциг. Мечот го следеше од клупата за резерви. Во мај 2023 година, во 34.коло „Фармацевтите“ загубија од Бохум (3:0). Потоа следеше неверојатната …

Continue Reading

(Видео) Рапсодија на Барселона, спакува седум гола во мрежата на Ваљадолид

По три идентични победи (2:1) со кои влезе во новата сезона, Барселона во четвртата рунда го декласира Ваљадолид со 7:0. Четата на Ханси Флик изгледаше непогрешливо, убедливо и убиствено. Барса првото полувреме го заврши со три гола во мрежата на Ваљадолид, кој не пружи таков отпор каков ѓто пружи на „Сантијаго Бернабеу“, кога Реал два од трите гола постигна во …

Continue Reading

Варан не е пријавен за натпреварите во Серија А

Францускиот стопер Рафаел Варан извесно време нема да игра за Комо поради здравствени проблеми. Поранешниот дефанзивец на Ленс, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед играше 23 минути за италијанскиот клуб на натпреварот од Купот против Салернитана кога го повреди флексорниот мускул на бутот. Во италијанскиот шампионат не одигра ниту една минута, клубот не го стави на списокот за Серија А, па …

Continue Reading

Лабадија само три дена беше селектор на Нигерија

Германскиот стручњак Бруно Лабадија по три дена ја напушти селекторската функција на Нигерија, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа африканска земја. Како што е соопштено, договорот со Лабадија кој беше потпишан пред три дена бил раскинат бидејќи Германецот побарал ФС на Нигерија да ги покрие трошоците за данокот на плата, што било одбиено и договорот бил раскинат. „Не можеме да преземеме …

Continue Reading

Најголеми лузер на преодниот рок, Виктор Осимен и Наполи

Виктор Осимен и Наполи се најголемите губитници во преодниот рок, кој на полноќ заврши во најсилните европски национални шампионати. Алчноста и инаетот од двете страни на крајот го оставија Нигериецот на ничија земја. Виктор Осимен до јануари, како што стојат работите ќе биде на трибините. За него во тимот на Наполи нема место, откако Ал Ахли се повлече од преговорите, …

Continue Reading

(Видео) Реакцијата на газдата на ПСЖ за новиот формат во Лига на шампиони: Ги виде противниците и остана без зборови

УЕФА го претстави новиот формат на Лигата на шампионите, а ждрепката за лигашкиот дел од елитното натпреварување досега не е видена. Насер Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ беше еден од многумината кој бледо го гледаа извлекувањето на ждрепка за новата сезона во Лига на шампиони, во нов формат. Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи очигледно воопшто не е задоволен. …

Continue Reading

Најновото засилување на Арсенал се повреди по само три дена

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета денеска потврди дека Микел Мерино ќе мора да почека за своето деби. Шпанецот потврди дека неговиот сонародник се здобил со незгодна повреда на рамото и ќе мора да паузира неколку недели. „Тој заработи незгодна повреда на рамото и изгледа дека ќе мора да паузира неколку недели. Падна на земја, а потоа врз него падна Габриел, …

Continue Reading