Суарез во солзи (ВИДЕО)
Луис Суарез со натпреварот против Парагвај се прости од репрезентацијата на Уругвај. Овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што легендарниот фудбалер го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, бидејќи натпреварот заврши нерешено 0:0. Суарез играше од стартот на мечот, а најблиску до голот беше во 18. минута кога беше на околу 12 метри од голот. Дури на крајот на …
Continue Reading
Сити повторно оди на суд поради Менди
Поранешниот играч на Манчестер Сити, Бенџамин Менди го тужеше англискиот клуб. Како што пренесува „Скај спортс“, Сити ќе оди на суд по барањето на Менди во октомври. Францускиот фудбалер минатата година поднесе тужба од повеќе милиони фунти против Манчестер Сити поради неисплатени плати. Поранешниот играч на Сити поднесе тужба до Судот за вработување, барајќи да му се исплатат „неовластените одбивања …
Continue Reading
Готово е: Мемфис Депај оди во Бразил
Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај од оваа сезона ќе игра во Бразил, кој се договори со Коринтијанс. По доаѓањето на Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид беше јасно дека нема да има многу простор за Депај. Иако има само 30 години, реши да ја напушти Европа и да игра во Јужна Америка. Во Коринтијанс доаѓа како слободен играч, а потпиша двегодишен договор. …
Continue Reading
Пех за Јувентус, Гонзалес се повреди
Фудбалерот на Јувентус, Николас Гонзалес се повреди, настапувајќи за репрезентацијата на Аргентина. „Гаучосите“ во квалификациите за Светското првенство јго победија Чиле со головите на Мекалистер, Алварез и Дибала. Гонзалес го напушти натпреварот во вториот дел поради повреда на скочниот зглоб, објавија италијанските медиуми. . Во аргентинскиот табор првично мислеа дека станува збор за повреда на мускулот, но неколку извори, меѓу …
Continue Reading
Милевски и Барди: Добрата енергија од подготвките да ја пренесеме на теренот
Извор/ ffm.mk Во пресрет на утрешниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Фарски Острови, во Лигата на нации, на прес-конференција во Торшван говореа селекторот на Македонија, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди. „Првиот натпревар секогаш е тежок. Фарски Острови е квалитетен, дисциплиниран противник и имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша цел е прво место во групата. Треба да бидеме …
Continue Reading
Загина тренерот на младинците на Ајнтрахт од Франкфурт
Ајнтрахт Франкфурт ја потврди тажната вест, тренерот на тимот до 19 години Хелге Раше (33) загина во сообраќајна несреќа. „Целосно сме скршени од загубата на тренерот до 19 години Хелге Раше. Тој загина во страшна сообраќајна несреќа во четвртокот. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, објави Ајнтрахт на социјалните мрежи во петокот. „Билд“, објави дека Раше во северозападниот …
Continue Reading
Дибала за дресот на „Меси“: Не знаев дали да го облечам
Аргентина го победи Чиле со 3:0 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Третиот гол за „гаучосите“, во 91.минута го постигна Паоло Дибала. Дибала, се врати во националниот тим, влезе од клупата за резерви на теренот, а на грбот ја носеше десетката.на Меси. „Навистина е спектакуларно чувството што се вратив и дека сум заедно со моите соиграчи и навивачи кои …
Continue Reading
Бергвајн: Додека Куман е селектор нема да играм за Холандија
Фудбалската јавност во Холандија се разгоре откако селекторот Роналд Куман го отпиша Стивен Бергвијн поради преселбата во Саудиска Арабија. „Бергвајн замина во Саудиска Арабија на 26 години. Ако имаш 26 години, најважна е да имаш спортски, а не финансики амбиции. Можеше да остане во Ајакс, нели? Прилично сум сигурен дека Ајакс ги плаќа играчите добро, исто така“, им кажа Куман …
Continue Reading
(Видео) Нема да запре додека не постигне 1.000 гола
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го постигна 900. гол во кариерата и кажа дека нема намера да застане додека не дојде до бројката 1.000. голаи дека целта му е да постигне 1.000 гола во текот на кариерата. „Сакам да постигнам 1.000 голови. Ако ме заобиколат повредите, тоа ми е најважно, тоа го сакам. Има видеа од сите голови што сум ги …
Continue Reading