Гвардиола горд на играчите по ремито со Интер

Само бод освои Манчестер сити на домашен терен на отворањето на Лигата на шампионите. „Граѓаните“ одиграа 0:0 против Интер во репризата на финалето од сезоата 2022/2023. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола одржа интересна прес-конференција. „Против Интер одигравме многу подобро отколку во финалето на Лигата на шампионите минатата година“, рече тој и потсети на натпреварот во кој Сити ја освои првата …

Continue Reading

Евертон се уште го поддржува Дајч

Раководството на фудбалскиот клуб Евертон се уште го поддржува тренерот Шон Дајч и покрај лошите резултати и елиминацијата од Лига купот, објавија британските медиуми. Како што пренесува „Скај спортс“, раководството на чело со сопственикот Фархад Мошири, кој неуспешно се обидува да го продаде клубот, во моментов му дава поддршка на тренерот кој в сабота ќе го води тимот на гостински …

Continue Reading

(Видео) Газанига го честеше ПСШ, Сити и Интер разочараа, лесни победи на Селтик и Борусија

Манчестер сити и Интер разочраа во дербито, Борусија Дортмунд и Слетикс убедливо ги победија Бриж, односно Слован, а ПСЖ во последната минута успеа да постигне гол и да ја совлада Џирона. ПСЖ во сите параметри издоминира против Џирона. Имаше поседн на топка од 67 отсто, 24 удари кон голот на газаника, за споредба играчите на Џирона само два пати шутнаа …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Арсенал подолг период ќе биде без Едегор

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета потврди дека капитенот на тимот Мартин Едегор е тешко повреден. Норвежанецот се повреди во Лигата на нации, во дресот на Норвешка против Австрија. „Снимката покажа дека има оштетување особено на еден од лигаментите на коленото. Тоа е нешто што е големо… Ќе бидеме без него некое време“, изјави Артета. Мартин Едегор е исклучително …

Continue Reading

Спарта со победа се врати во ЛШ, Болоња дебитираше со реми без голови

Фудбалерите на Спарта со победа стартуваа во Лигата на шампионите. На домашен терен чешкиот првак го победи Салцбург со 3:0. Во вториот меч одигра од 18.45 часот на „Ренато Далара“, Болоња и Шахтјор одиграа без голови. Спарта на најдобар начин по 19 години се врати гчваната фаза, во Лигата на шампионите. На стадионот „Летна“ во Прага, Спарта го победи Салцбург …

Continue Reading

Стефано Пиоли ќе го преземе Ал Наср

Стефано Пиоли екс тренерот на Милан, попладнево заминал за Саудиска Арабија каде треба да потпише договор со Ал Наср. Пиоли, претходно во клупските простории на Милан, на „Сан Сиро“, го раскина договорот со клубот. Тој на клупата ќе го замени Луис Кастро, кој по нешто повеќе од една година го напушта клубот. Стефано Пиоли претходно работеше во Милан со кој …

Continue Reading

Керол доаѓа на помош – Англичанецот го засили Бордо

Бордо доживеа вистинска спортска трагедија и поради финансиски проблеми испадна во четвртиот ранг на францускиот фудбал. Денеска клубот доби звучно засилување кое треба да му помогне да избори пласман во повисок ранг. Енди Керол се пресели од Амиен во редовите на поранешниот шампион. Керол минатата сезона во Амиен постигна четири гола на 31 натпревар, што не е завидна статистика за …

Continue Reading

Иван Јуриќ ќе биде новиот тренер на Рома

Даниеле Де Роси (41) повеќе не е тренер на Рома, потврди римскиот клуб преку објава на својата официјална веб-страница. Де Роси, легенда на Рома, доби отказ бидејќи нема победа во првите четири рунди во Серија. Рома има биланс од три нерешени и еден пораз, со гол разлика 2:3. Де Роси, кој одигра 616 натпревари за Рома од 2001 до 2019 …

Continue Reading

Перишиќ се сели во Ајндховен

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ и кариерата ќе ја продолжи во ПСВ од Ајндховен. Како што беше најавено, откако ја заврши кратката епизода во Хајдук од Сплит, Перишиќ како слободен ихрач имаше понуди од Комо и Монца, но на крајот тој го избра ПСВ Ајндховен. Извесно е дека клучно за неговата одлука беше фактот што ПСВ се натпреварува во Лигата на …

Continue Reading