(Видео) Џастин Клајверт со хет-трик ја прекина победничката низа на Њукасл
Фудбалерите на Борнмут го совладаа Њукасл „Сент Џејмс Парк“ со 4:1, во првиот натпревар од 22. коло на англиската Премиер лига. „Црешите“ го растажија својот поранешен менаџер Еди Хау и ја прекинаа брилијантната серија на Њукасл од девет последователни победи, од кои шест во Премиер лигата. Исто така заврши и серијата на Александер Исак, кој постигнуваше најмалку по еден гол …
Continue Reading
Реал Мадрид три недели без Камавинга
Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга ќе отсуствува три недели поради повреда, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот фудбалер се повреди во четвртокот во Купот на Шпанија против Селта, кој Реал го доби по продолженијата со 5:2. „По извршените тестови од медицинската служба, на Камавинга му беше дијагностицирана повреда на мускулот на левата тетива“, се наведува на клупската веб-страница. Реал не прецизираше …
Continue Reading
Барди ќе потпише за клубот на Бразилецот Роналдо
Дилема повеќе нема, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, се враќа во Шпанија. „АС“, пишува дека Барди ќе ја продолжи кариерата во Ваљадолид, чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо. Енис Барди, пред три дена го раскина договорот со Трабзон, каде што во првиот дел од сезоната одигра само осум натпревари. Во ноември минатата година, Барди и уште тројца …
Continue Reading
Кварацхелија се пресели на „Паркот на принцовите“
Заврши сагата, Хвича Кварацкелија е нов играч на Пари Сен Жермен. Наполи заработи 70 милиони евра плус некои бонуси, а Грузиецот потпиша четири и пол годишен договор за 8,5 милиони евра нето по сезона. Трансферот на Кварацхелија го обележа зимскиот преоден рок. Клубовите преговараа една недела, Наполи се обиде да извлече повеќе пари, но мораше да попушти кога Кварацхелија јасно …
Continue Reading
(Видео) Лесна победа за Рома против Џенова
Фудбалерите на Рома ја совладаа Џенова со 3:1 (1:1) во воведниот натпревар од 21. коло во италијанската Серија А. Избраниците на Клаудио Раниери конечно одиграа добар партија и доминираа за да дојдат до бодовите иако немаа предност по првите 45 минути. „Волчицата“ поведе во 25. минута со голот на Артем Довбик, но само осум минути подоцна израмни Масини. Сепак, второто …
Continue Reading
Борусија Дортмунд ја продолжи лошата серија, загуби во Франкфурт
Во првиот натпревар од 18. коло на Бундес лигата, Ајнтрахт Франкфурт ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Ајнтрахт се зацврсти на третото место во поредокот. Со натпревар помалку заостануваат два бода зад Баер и шест зад лидерот Баерн. Борусија Дортмунд продолжи катастрофалните резултати на гостувањата. Клубот од Дортмунд се уште нема победа во 2025 година. Сезонава ова е шести пораз …
Continue Reading
Лајпциг го откупи Вермерен од Атлетико Мадрид
Бундеслигашот Лајпциг по само шест месеци реши да го откупи договорот на Артур Вермерен од Атлетико Мадрид. Вермерен е еден од најтелентираните белгиски фудбалери и најмлад капитен во историјата на Антверпен. 19-годишникот, минатата година на 26 јануари од Антверпен се пресели во Атлетико за 18 милиони евра. Не доби многу можност да игра од тренерот Симеоне, настапи на само пет …
Continue Reading
Валенсија сака да го позајми Елмас од Лајпциг
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, веројатно ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Еламс сезонава ретко игра, од тренерот Марко Росе доби 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите. Кон крајот на ноември минатата година, кога Елмас се повреди против Латвија, водечкиот германски медиум „Билд“, објави дека Лајпциг е подготвен да го продаде македонскиот репрезентативец …
Continue Reading
Ерлинг Халанд кариерата ќе ја заврши во Манчестер сити
Ерлинг Халанд ќе остане во Манчестер сити до крајот на кариерата. Водечкиот британски фудбалски „инсајдер“ Дејвид Орнштајн, утрово објави дека англискиот шампион постигнал и 24-годишниот напаѓач се согласиле актуелниот договор на Халанд да биде продолжен до 2034 година. Исто така, споредено со претходниот договор што го потпиша кога пристигна на Островот во јули 2022 година во трансфер вреден 60 милиони …
Continue Reading