Алаба (повторно) се повреди
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на тетивата на левата нога, соопшти шпанскиот клуб. Алаба (32) ги пропушти повеќето натпревари во досегашниот тек од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти. Според шпанските медиуми, Алаба ќе отсуствува две до три недели. Австрискиот дефанзивец, по пауза од 13 месеци, се врати на теренот на 19. јануари на натпреварот против …
Continue Reading
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1.февруари e пронајдено во понеделник попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот „Informacion“. Телото е предадено на обдукција, но шпанската полиција верува дека се работи за несреќен случај. Јаков, кој бил жител на швајцарскиот град Зермат, последен пат бил виден во ноќниот клуб „Упикум“, по …
Continue Reading
Тел сепак заврши во Тотенхем
Францускиот фудбалер Матис Тел, во последните минути од преодниот рок му се приклучи на Тотенхем на позајмица. Планот на Тотенхем беше веднаш да го откупи неговиот договор, но Баерн инсиситирал на позајмица до крајот на сезоната. Тотенхем за шест месеци ќе може да го купи Тел за 60 милиони евра. Тел е член на клубот од Минхен од летото 2022 …
Continue Reading
Манчестер сити потроши повеќе од сите 19 премиерлигаши заедно
Манчестер Сити, во зимскиот преоден рок потроши 180 милиони фунти (206 милиони евра) за четири засилувања, останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи. Зимскиот преоден рок во Англија заврши, а во фокусот на вниманието беше Манчестер сити. На „Граѓаните“ не им е лесно оваа сезона, моментално се петти на табелата со 15 бода помалку од лидерот Ливерпул, …
Continue Reading
Роналдо: Јас сум најдобар во историјата и точка
Кристијано Роналдо непосредно пред неговиот 40-ти роденден, во интервју за „Ел Чирингито“, рече дека е најдобриот фудбалер во историјата. „Досега имам постигнато 923 гола, но не ми е важно дали ќе постигнам 930, 950 или што и да е во кариерата. Ако успеам да постигнам 1.000, одлично. Ако не, и тоа е во ред. Но, бројките не лажат. Јас сум …
Continue Reading
Бојан Димоски пред трансфер во Партизан
Фудбалскиот клуб Партизан би можел да потпише со македонскиот репрезентативец Бојан Димоски. Левиот бек од рускиот клуб Акрон би можел да пристигне во Белград на позајмица, со опција за откуп од 200.000 евра. Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, пишува српски „Телеграф“. Димоски е во Русија од летото 2023 година, а претходно играше една сезона во Вардар и …
Continue Reading
Сестрата на исчезнатиот хрватски фудбалер: Шпанската полиција ниту еднаш не не’ исконтактира
Во шпанскиот град Аликанте, ноќта од петокот кон саботата исчезна младиот Хрват, Јаков Јелкиќ, кој живее во Зермат, Швајцарија. Како што јавуваат хрватските и странските медиуми, 24-годишниот Јаков последен пат бил виден во ноќниот клуб „Упикум“, по што му исчезнала секаква трага. Веста за неговото исчезнување стигнала во Хрватска преку неговата сестра Јања Јелкиќ. „Шпанската полиција ниту еднаш не не’ …
Continue Reading
Милан и Челзи постигнаа договор за Феликс
Фудбалскиот клуб Милан постигна договор со Челзи за позајмица на Жоао Феликс, пренесува Танзи Лоик, новинар на „Лекип“. Португалскиот напаѓач со денови се поврзуваше со трансфер во Милан, а како што стојат работите, двата клуба постигнаа договор на истекот на преодниот рок. Феликс ќе го напушти Челзи по само шест месеци, откако му се приклучи на англискиот клуб минатото лето …
Continue Reading
Работнички остана без најдобриот играч – Регба се пресели во Марибор
Најдобриот играч на Работнички во првиот дел од сезоната, Али Регба, кариерата ќе ја продолжи во Марибор. Марибор ја доби трката со ТСЦ од Бачка Паланка за потписот на Алжирецот со ирски пасош. Српскиот клуб на Работнички му понудил 50.000 евра, а Марибор три пати поголема сума. Регба е најзаслужен за добрите резултати на Работнички во есенскиот дел од сезоната, …
Continue Reading