Катастрофа за Арсенал: Хаверц ја заврши сезоната
Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц, се здобил со сериозна повреда на тренинг кампот во Дубаи. Менаџерот на Арсенал Микел Артета сега има сериозен проблем, бидејќи веќе не може да смета на Букајо Сака, Габиел Мартинели и Габриел Хесус. Новинарот на британски „Атлетик“. Дејвид Орнштајн тврди дека Каи Хаверц ја скинал тетивата. „Атлетик“ објави дека допрва следуваат детални прегледи, дека се уште …
Continue Reading
Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А
Горан Пандев остави голема трага во Серија А, со Интер ја освои тројната круна. В Милано се пресели од Лацио како слободен играч. Пандев за „Радио Лациале“ ја коментираше одлуката на Елиф Елмас да ја напушти Бундес лигата и да се врати во Серија А. Неодамна Елмас потпиша за Торино. Елмас пред една година од Наполи се пресели во Лајпциг …
Continue Reading
Последно Мерсисајд дерби на Гудисон Парк
Мерсисајд дербито, вечерва, за последен пат ќе се одигра на Гудисон Парк во Ливерпул. Пред последната пресметка на стадионот кој на крајот од сезоната ќе замине во историјата, големите градски ривали имаат изедначен учинок на Гудисон, по 41 победа. Тоа ќе биде 120. Мерсисајд дерби на теренот на Евертон, вкупно 245 во историјата на „карамелите“ и „црвените“. Во натпреварите одиграни …
Continue Reading
Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус
Транспарентот на трибините на „Етихад“ пред почетокот на натпреварот Манчестер сити-Реал Мадрид прувлече големо внимание. „Престани да плачеш (Stop crying your heart out) и слика на Родри со Златната топка, логично сите ги асоцираше на Винисиус Жуниор. Бразилецот, барем според медиумите и неговиот клуб беше главниот фаворит за Златната топка, на крајот таа заврши во рацете на фудбалерот на Манчестер …
Continue Reading
УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција
Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека започнала преговори за продажба на телевизиските права со американската агенција „Релевант спортс“ за периодот од 2027 до 2033 година. УЕФА на тој начин планира да ја прекине соработката со швајцарската агенција „Тим Маркетинг“, која од 1992 година ги продава телевизиските права за Лигата на шампионите. УЕФА додаде дека одлуката во корист на американската агенција …
Continue Reading
Гвардиола: Ја преземам вината, но виновни сме сите
Реал Мадрид стигна до голема победа во Манчестер, каде го совлада Сити со 3-2 (0-1) во првиот бараж натпревар за пласман во осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола ја презеде одговорноста по натпреварот, но истакна дека сите во тимот се одговорни за конечниот исход. „Ова ни се случи многу пати оваа сезона. Ги знам квалитетите …
Continue Reading
(Видео) Голем пресврт на Реал во Манчестер, Јувентус го победи ПСВ, Борусија убедлива во Лисабон
Реал Мадрид победи на гостувањето кај Манчестер сити со 3.2, откако постигна два гола во периодот од 86. до 92.минута. Бранителот на трофејот е чекор поблиску до пласман во осминафиналето. Таму речиси сигурно е Борусија Дортмунд, „милионерите“ во Лисабон го победија Спортинг со 3:0. Јуентус со предност од еден гол ќе патува на реваншот в Ајндховен, откако го победи ПСВ …
Continue Reading
(Видео) ПСЖ со една нога е во осминафиналето, Дембеле ја режираше убедливата победа во Брест
Фудбалерите на ПСЖ можат да се подготвуваат за осминафиналето во Лигата на шампионите. На отворањето на нокаут фазата во Лигата на шампионите, првиот плејоф натпревар против Брест на гостински терен со 3:0. ПСЖ славеше со головите на Витиња од пенал во 21.минута и Дембеле во 45. и 66.минута. За францускиот репрезентативец во 2025 година веќе постигна 15 голови. Покрај двата …
Continue Reading
Колина предлага револуционерна промена во изведувањето пенали
Легендарниот италијански судија и шеф на судискиот комитет на УЕФА, Пјерлуиџи Колина, ќе предложи промена во начинот на изведување на пенали. Колина (65) важи за еден од најдобрите судии во историјата на фудбалот. Затоа УЕФА го назначи за шеф на судиите во 2017 година, а со оглед на тоа што тој се уште е на оваа позиција, неговиот предлог би …
Continue Reading