Мусијала во Баерн до 2030 година
Џамал Мусиала, најмладиот стрелец на Баерн во историјата на Лигата на шампионите, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 2030 година. „Навистина сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Тука ги направив првите чекори во професионалниот фудбал и цврсто верувам дека можеме да постигнеме нешто големо со клубот во годините што доаѓаат. Се чувствувам како …
Continue Reading
Дешам: Зидан е природен кандидат за мој наследник
Селекторот на Франција, Дидие Дешам, кој најави заминување по Светското првенство во 2026 година, рече дека Зинедин Зидан е „природен кандидат да биде негов наследник“. „Зизу е многу добар кандидат, природен, не знам дали сака да биде селектор на репрезентацијата“, изјави Дешам во интервју за францускиот магазин „Лекип“. Дешам (56) во јануари најави заминување од репрезентацијата на Франција, која ја …
Continue Reading
Слот: Не смеам да ви кажам што му реков на судијата
Англиската Премиер лига му забрани на тренерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот (46) да го води тимот на наредните два натпревари. Слот, во средата, по завршувањето на натпреварот со Евертон (2:2) доби црвен картон, поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“. Холанѓанецот ќе ги пропушти натпреварите на ливерпул против Вулверхемптон и Астон Вила. Ова беше второ исклучување за …
Continue Reading
Гираси е играч на неделата во Лигата на шампионите
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите оваа недела, во која се одиграа првите бараж натпревари за пласман во осминафиналето. Гвинејанскиот напаѓач постигна гол и асистираше на натпреварот против Спортинг во Лисабон кој неговиот тим го доби со 3:0. Неговиот соиграч Даниел Свенсон, кој пристигна во Борусија на 3. февруари како позајмен …
Continue Reading
Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот
Специјализираната веб-страница „Спортико“ ја објави листата на 100 најплатени спортисти во светот. На листата иам спортисти од осум спортови, 27 земји, кои заедно инкасираа 6,2 милијарди долари во 2024 година. Ниту една спортистка не е во топ 100, а најмногу кај дамите заработила тенисерката Коко Гоф, 30,4 милиони долари. Листата ја предводи фудбалерот Кристијано Роналдо (260 милиони), а потоа следат …
Continue Reading
Проблем за Рома, се повреди Дибала
Рома успеа да ремизира со играч помалку против Порто во првиот натпревар од плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на Европа, но остана без важен играч. Пауло Дибала мораше да ја напушти играта во 39. минута во ремито на неговиот тим на „Драгао“ во Порто (1:1). Причина за ова е потенцијално нова повреда на коленото која Дибала ја заработи …
Continue Reading
Го добивме најмладиот стрелец во историјата на европските натпреварувања
Фудбалерите на Шамрок приредија вистинска сензација со гостинската победа во Молде, во првиот натпревар од плеј-офот за осминафиналето на Конференциската лига. Иако беше постигнат само еден гол, тој влезе во историјата на натпреварувања под капата на УЕФА. Имено, стрелецот Мајкл Нунан го реши натпреварот во 57. минута и стана најмладиот стрелец во историјата на меѓународните клупски натпреварувања. Нунан стана рекордер …
Continue Reading
Ди Марија: Роналдо не е најдобриот во историјата, роден е во погрешно време, има еден со осум златни топки и светска титула
Анхел Ди Марија е еден од ретките фудбалери кој имал можност да биде соиграч со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Со Меси ја освои светската титула во 2022 година, со Роналдо во 2014 го крена пехарот во Лигата на шампионите. Ди Марија ја коментираше неодамнешната изјава на Роналдо кој рече: „дека е најдобриот во историјата на фудбалот и точка“. „Не …
Continue Reading
Премиер лигата експресно го казни Слот
Англиската Премиер лига експресно го казни менаџерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот (46). Холанѓанецот синоќа доби црвен картон по завршвањето на дербито со Евертон, а попладнево дозна дека нема да може да го води тимот во наредните два натпревари. Судијата на натпреварот Мајкл Оливер му покажа црвен картон на Слот поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“. Слот …
Continue Reading