Гасперини посакува да го преземе Јувентус

Џан Пјеро Гасперини, актуелниот тренер на Аталанта, се уште сонува еден ден да ја преземе клупата на Јувентус, клубот во кој започна и освои трофеи на јуниорско ниво. „Враќањето во Јувентус по 20 години би било круна на мојата кариера“, изјави Гасперини за италијанските медиуми. 63-годишниот стручњак помина девет години во Јувентус како играч и тренер на младинците, од 1994 …

Continue Reading

Нејмар: Во боксерки преговарав со Гвардиола за трансфер во Баерн

Нејмар (33) откри дека бил блиску до преселба во Баерн Минхен од Сантос, на иницијатива на Пеп Гвардиола. Нејмар ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Сантос, каде што играше од 2009 до 2013 година. „Откако ја освоив наградата Пушкаш, татко ми постојано ми се јавуваше во 2 часот наутро. Кога одговорив, ми рече да ја отворам вратата…“, се …

Continue Reading

(Видео) Де Хеа замина бесплатно, дојде Онана да ги нервира навивачите на Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед се уште жалат што Давид Де Хеа мораше да го напушти „Олд Трафорд“. Клуботреши да не му понуди нов договор на 34-годишниот Шпанец, кој го напушти Јунајтед по 12 години, пред почетокот на минатата сезона, бидејќи тогашниот менаџер Ерик тен Хаг сакаше голман кој знае да игра со нога. Тен Хаг се реши за Онана со …

Continue Reading

Баерн се повлече од преговорите со Кимих – Капитенот ќе го напушти Минхен

Баерн Минхен се повлече од преговорите со Џошуа Кимих и нема да му понуди нов договор на капитенот, пишува „Билд“. „На состанокот на Надзорниот одбор било одлучено да се напуштат преговорите бидејќи Кимих премногу се двоумела“, објави највлијателниот германски медиум. Овој триесетгодишен фудбалер во Баерн пристигна во 2015 година од Лајпциг и оттогаш одигра повеќе од 400 натпревари за тимот …

Continue Reading

(Видео) Милан во слободен пад, загуби и во Болоња

Фудбалерите на Болоња го совладаа Милан со 2:1 во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Болоња ја прекина црната серија, немаше победа над Милан, на домашен терен во последните 22 години. Рафаел Леао ги доведе гостите во водство на крајот од првиот дел, но Сантијаго Кастро и Ден Ендоје донесоа пресврт за домаќините во вториот дел. Ова е …

Continue Reading

Жестока казна за Жозе Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај. Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај. Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија. Поради сето ова ќе биде суспендиран …

Continue Reading

Барселона и Бетис се договорија, Витор Роке се сели во Палмеирас

Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас. Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса. Минатото лето Барселона го …

Continue Reading

„Нула бодови за тимовите кои ќе одиграат 0:0“

Поранешниот шпански репрезентативец Џерар Пике има идеја како да ги направи натпреварите уште поатрактивни за навивачите. Поранешниот фудбалер на Барселона во подкастот на Икер Касиљас даде предлог дека на тимовите кои ќе одиграат натпревар без голови да не добијат по еден бод. На тој начин, рече, ќе бидат казнети за таквиот пристап. Тој додаде дека е апсурдно навивачите да трошат …

Continue Reading

Аморим: Одлуката да го заменам Гарначо нема врска со „случајот Рашфорд“

Нов конфликт во Манчестер Јунајтед или одмрзнување на стариот. Рубен Аморим го замени Алехандро Гарначо на полувремето против Ипсвич, поттикнувајќи ја старата приказна дека Португалецот и Аргентинецот навистина не се согласуваат. Аморим, пред два месеци не го вклучи Гарначо во протоколот против Манчестер сити, тогаш во составот не беше и Маркус Рашфорд. Тренерто се правдаше дека овие двајца не се …

Continue Reading