Јамал: Меси е фантастичен играч, но не ми е идол
Ламин Јамал е најдобриот млад фудбалер во светот и со само 17 години е најголемата ѕвезда на Барселона. Минатото лето со Шпанија стана европски првак. Барселона тимот го гради околу Јамал. 17-годишникот игра на слична позиција на која игра и легендата на клубот, Лионел Меси. Медиумите и стручњаците го споредуваат Јамал со славниот Аргентинец, а тој вели дека Меси не …
Continue Reading
Сити ќе плати 40 милиони евра за бразилски тинејџер
Манчестер сити ќе потпише договор со 18-годишниот бразилски централен бек Витор Реис од Палмеирас. Младиот фудбалер го прифатил договорот со англискиот шампион, а Палмеирас би требало да заработи околу 40 милиони евра. Витор Реис во кариерата одигра 22 професионални натпревари и постигна два гола. Тој претходно одигра 16 натпревари за младинскиот тим на Палмеирас. Младиот дефанзивец, според „Трансфермаркт“ вреди 14 …
Continue Reading
Јошко Гвардиол е најскап дефанзивец во светот
Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол се најде на врвот на уште една листа на дефанзивци од светска класа, пренесува официјалниот сајт на Хрватскиот фудбалски сојуз. Гвардиола, кој брзо стана еден од клучните играчи на хрватската репрезентација и англискиот шампион Манчестер сити, го зазеде првото место на рангирањето на најскапите дефанзивци во светот според Меѓународната фудбалска опсерваторија (CIES). Проценетата вредност на трансферот …
Continue Reading
Лопетеги повеќе не е тренер на Вест Хем, доаѓа Потер
По неколкудневните преговори со нов кандидат, Вест Хем се сети да му го врачи отказот на сегашниот тренер, Хулен Лопетеги. Она што се најавуваше некое време сега стана и официјално. Клубот од источен Лондон објави дека Лопетеги повеќе не е селектор на премиерлигашот, но се’ уште не го официјализирал доаѓањето на нов тренер. „Чеканите“ се најдоа во незавидна ситуација на …
Continue Reading
Куп на кралот – Барса и Реал се домаќини на Бетис и Селта, Атлетико гостува кај второлигаш
Барселона во осминафиналето на Купот на кралот ќе се соочи со Бетис, додека Реал Мадрид на домашен терен ќе игра со Селта Виго, беше одличено денес со ждрепка. Бранителот на титулата, екипата Атлетик Билбао во осминафиналето ќе ја пречека Осасуна од Памплона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против второлигашот Елче. Во останатите натпревари третолигашот Оренсе ја пречекува Валенсија, четвртолигашот Понтеведра …
Continue Reading
Илон Маск сака да го купи Ливерпул за седум милијарди евра
Илон Маск, контроверзниот милијардер, наводно размислува да го купи Ливерпул, за кој е подготвен да издвои повеќе од седум милијарди евра. Ова го потврди неговиот татко Ерол во интервју за Радио Тајмс. Маск постариот првично одби да ги коментира гласините бидејќи тоа може да ја зголеми цената на клубот од „Енфилд“, но на инсистирање на водителот призна дека Илон навистина …
Continue Reading
Два натпревари суспензија за Винисиус Жуниор
Винисиус Жуниор е суспендиран на два натпревари откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 2-1. Во 80. минута при водство на Валенсија од 1:0, крилниот напаѓач на Реал Мадрид го удри противничкиот голман Столе Димитриевски. Бразилецот потоа се расправаше со судиите, а соиграчите едвај успеаја да го смират. Реал Мадрид најави жалба …
Continue Reading
Мурињо во шок: „Скандал, скандал, скандал, вакво нешто не сум видел во 25-годишната кариера“
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изрази видливо незадоволство од состојбата во турскиот шампионат. „Скандал, скандал, скандал“, грмеше Мурињо на прес-конференцијата откако актуелниот шампион Галатасарај го победи Гезтепе со 2-1. Како што беше соопштено, многу судиски одлуки отидоа во корист на Галатасарај, што влијаеше на конечниот исход. На домаќинот му беше досуден пенал во сомнителна ситуација, додека на другата страна тоа …
Continue Reading
Сон останува во Тотенхем до летото 2026 година
Тотенхем ја искористи клаузулата од договорот и го продолжи договорот на Сон до летото 2026 година, беше потврдено во вторникот. Хјеон Мин Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. Оттогаш, тој одигра 431 натпревар за Спарс, постигнувајќи 169 гола. Само во Премиер лигата, јужнокорејскиот репрезентативец забележа 320 настапи, 125 гола и 68 асистенции. Оваа сезона одигра 17 …
Continue Reading