Ковач ќе ја преземе Борусија

Хрватскиот тренер Нико Ковач наскоро би можел да стане нов тренер на Борусија Дортмунд. Членовите на бордот на Борусија сакаат да го доведат Ковач како замена за Нури Шахин, кој беше отпуштен во средата. Германските медиуми јавуваат дека челниците на Борусија одлетале за Салцбург на тајна средба, со намера да постигнат договор со 53-годишниот тренер за краткорочен договор. „Дортмунд сака …

Continue Reading

Чави доби покана од Италија?!

Фудбалскиот клуб Јувентус го контактираше Чави Ернандез и оствари информативен разговор за потенцијалната соработка. Оваа вест ја лансираше францускиот весник Екип, кој тврди дека Чави е кандидат да го замени Тијаго Мота на клупата на Јувентус. Не може да се каже дека Мота ги исполнил очекувањата, иако токму минатиот викенд го доживеа првиот пораз во Серија А, поголем проблем е …

Continue Reading

Порто има нов тренер

Аргентинецот Мартин Анселми ја презеде функцијата тренер на португалскиот фудбалски гигант Порто. 39-годишниот, кој на клупата го замени Витор Бруно, потпиша договор со Порто до крајот на сезоната 2026/27. Порто е на третото место во португалскиот шампионат со 41 бод, исто колку и второпласираната Бенфика, додека Спортинг води со 47 бодови. На „змејовите“ им оди полошо во Лига Европа, на …

Continue Reading

Аморим: За два месеци во Јунајтед остарев 10 години

Манчестер јунајтед синоќа во 23. коло од Премиер лигата го совлада Фулам на гости со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез во 78. минута. По неговиот удар топката удри во ногата на Саша Лукиќ кој се обиде да блокира, доби дополнително забрзување е заврши во голот. Триумфот над Фулам е најдобриот подарок за менаџерот …

Continue Reading

Кимих: Не можам секои три дена да го повторувам истото

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд изјави дека е сигурен дека Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува германски „Скај Спорт“. Актуелниот договор на Кимих со клубот од Минхен истекува на 30. јуни оваа година, поради што се појавија информации дека ќе се пресели во Реал. „Сигурен сум дека Кимих ќе одлучи да продолжи да игра за …

Continue Reading

Данило се врати во Бразил

Бразилскиот фудбалер Данило се враќа во Бразил каде во наредниот период ќе настапува за Фламенго. Фудбалерот по 12 и пол години реши да се врати во Бразил. Претходно го раскина договорот со Јувентус. Во Фламенго доаѓа како слободен играч. Бразилскиот дефанзивец е во Европа од 2010 година и има настапувано за Порто, Реал Мадрид, Манчестер сити, а најмногу време помина …

Continue Reading

Њукасл му нуди нов договор и поголема плата на Исак

Њукасл јунајтед нема намера да ги слушне понудите за Александер Исак. Швеѓанецот игра фантастично оваа сезона во Премиер лигата, на 21 натпревар постигна 17 голови и забележа пет асистенции. Клубот од северна Англија има намера да го задржи најдобриот играч. Исак ќе добие но договор и зголемување на платата. Голем број европски гиганти се распрашуваат за Исак, вклучително и ривалите …

Continue Reading

Аморим за Рашфорд: Попрво би го ставил тренерот на голманите во игра

Манчестер јунајтед славеше синоќа на „Крејвен Котиџ“ против Фулам (0:1), а Маркус Рашфорд повторно не беше дел од таа победа. Рубен Аморим по којзнае кој пат по натпреварот проговори за англискиот репрезентативец, а овој пат на медиумско прашање со својата изјава го понижи поранешниот англиски репрезентативец. „Попрво би го ставил тренерот на голманите Витал во игра отколку играч кој не …

Continue Reading

Нејмар се согласил да се врати во Сантос

Одбројани се деновите на Нејмар во Ал Хилал, веќе еден месец се зборува за враќање во родниот Бразил, во Сантос каде ја започна кариерата. Нејмар наводно кажал дефинитивно „да, бидејќи тој сака да се врати во татковината. Сега следува потешкиот дел од работата. Клубовите треба да се дооворат. Претходните вести укажуваа дека Бразилецот е подготвен да замине, но само доколку …

Continue Reading