Ливерпул го договори трансферот на Нуњез во Ал Хилал

Активниот трансфер период продолжува на „Енфилд“. Играчите доаѓаат и си одат. Англискиот шампион го договори трансферот на Дарвин Нуњез во Ал Хилал. Уругваецот пристигна како големо засилување пред три години за 87 милиони евра, си заминува како некој што не ги оправда очекувањата. Ливерпул нема целосно да ја санира штетата, од трансферот ќе заработи 53 милиони евра. Но, со релативно …

Continue Reading

Шефот на Мекларен: Нема тензии меѓу Норис и Пјастри

На половина од сезоната во Формула 1, јасно е дека тандемот на Мекларен Оскар Пјастри-Ландо Норис ќе се бори за титулата. И покрај тоа што влогот е голем, првиот човек на британскиот тим Зак Браун истакнува дека меѓу нив нема „лоша крв“. Постарите фанови на Мекларен добро се сеќаваат на легендарните борби меѓу Ален Прост и Аиртон Сена. Сепак, овој …

Continue Reading

Барселона му ја одзеде капитенската лента на Тер Штеген

Марк-Андре тер Штеген и фудбалскиот клуб Барселона се во „војна“. Медиумите во Каталинија го поддржаа клубот, голем дел од нив го нарекоа Германецот „најлошиот капитен во историјата на клубот“. Марк-Андре тер Штеген од легенда стана персона нон грата во Каталонија. Како што е познато, Тер Штеген мораше повторно да се оперира, овој пат поради повреда на грбот, за што повторно …

Continue Reading

(Видео) Мурињо ја одржа најтажната прес конференција во кариерата

Португалскиот фудбал, вчера, доживеа нова трагедија. На 54-годишна возраст почина чегендарниот капитен на Порто, Жорге Кошта. Кошта почина откако доживеал срцев удар по појавувањето во ТВ емисија, а лекарите не успеаја да го спасат по хоспитализацијата. Португалецот беше легендарниот стопер и капитен на Порто, кој го предводеше тимот до титулата во Лигата на шампионите во 2004 година, кога „Змејовите“ сензационално …

Continue Reading

Јунајтед не го дава Магваер

Иако Хари Магваер има уште една година од договорот, Манчестер јунајтед не размислува да го прдаде искусниот дефанзивец. Според „Мејл Спорт“, клубови од Премиер лигата и Серија А изразиле интерес за него, но „Црвените ѓаволи“ без размислување ги одбиле понудите. Договорот на искусниот стопер истекува следното лето, а двете страни сè уште не седнале да преговараат за продолжување на соработката, …

Continue Reading

Челзи донесе уште еден Бразилец

Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи, објави англискиот клуб. Во јуни 2024 година, Челзи постигна договор со Палмеирас за Естевао да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе наполни 18 години. „Многу сум среќен и задоволен што го претставувам Челзи, еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар …

Continue Reading

(Видео) Карабаг ја победи Шкендија, ВАР пенал им пресуди на македонските шампиони

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Фудбалерите на Шкендија, прв пат се порзени сезонава во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје, Шкендија загуби од Карабаг 0:1. Клучниот момент се случи во 16.минута, кога по несмасниот старт на Вебстер врз Андраде, ВАР ја смени одлуката на главниот судија и гостите од Азербејџан добија пенал. Најстрогата казна ја реализира Бајрамов. Во …

Continue Reading

Крај на приказната, Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда

Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство. Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува. Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб. …

Continue Reading

Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот. Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра. Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. …

Continue Reading