(Видео) Доминација на Луис Суарез во Хјустон
Интер Мајами без Лионел Меси, но со Луис Суарез забележа убедлива победа во Хјустон 4:1. Уругвајскиот ветеран директно учествуваше во головите на Интер. Најпрвин забележа хет-трик со асистенции, за головите на Сеговија (два) и Аљенде. Во 79.минута Суарез го постигна првиот гол оваа сезона, со што ја комплетираше брилијантната партија.
Continue Reading
Аморим му одоговри на Руни: Лесно е да се биде стручен коментатор
Манчестер јунајтед исадна од Фулам во осминафиналето на ФА Купот. На „Олд Трафорд“ Фулам ја доби пенал серијата со 4:3, откако по 90 и 120 минути игра резултатот беше 1:1. Бернд Лено ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошува Зиркзе во четвртата и петтата серија. По завршувањето на натпреварот, легендата на Јунајтед Вејн Руни, изјави дека тренерот Рубен Аморим …
Continue Reading
(Видео) Волеј на Ороз и гол со петица на Садик, реми меѓу Осасуна и Валенсија
Осасуна и Валенсија одиграа 3:3 во 26.коло, во Ла Лига. Натпреварот во Папмлона го обележаа спектакуларните голови и Аимар Ороз (Осасуна) и Умар Садик (Валенсија). Овие фудбалери постигнаа по два гола за своите тимови. Валенсија на гостувањето кај Осасуна два пати имаше предност во првиот дел, но на полувреме Осасуна замина со предност. Лопез погоди во 14.минута за валенсија, изедначи …
Continue Reading
Хаос во Нови Сад, се тепаа две групи навивачи на Војводина
Тежок инцидент се случи во Нови Сад, на стадионот „Караѓорѓе“, по завршувањето на натпреварот Војводина-Спартак (1:3). Веднаш по завршувањето на натпреварот се случи жестока тепачка меѓу две франкции на навивачите на Војводина. Во пресметката на навивачките франкции, летаа столици и пиротехнички сретства, поради што мораа да интервенираат редарите и полицајците. Според српските медиуми едно момче завршило на Одделението за реанимација …
Continue Reading
(Видео) Лено херој, Линделоф и Зикрзе трагичари, Фулам го елиминира Манчестер јунајтед
Манчестер јунајтед испадна од ФА купот. Во осминафиналето, на домашен терен, Фулам по изведувањето пенали го победи Јунајтед. На „Олд Трафорд“ по 120 минути игра резултатот беше 1:1, а пенал серија Фулам ја доби со 4:3. Апсолутен херој е голманот на Фулам, Бернд Лено, кој во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе. Гостите …
Continue Reading
(Видео) Елмас ја најави победата на Торино во Монца
Торино победи во Монца 2:0, во 27.коло во Серија. „Биковите“ ја продолжија успешната серија, имаат еден пораз на последните пет натпревари. Монца е во се потешка ситуација, се наоѓа на последното место со 14 поени и речиси и да нема шанси да избори опстанок во лигата. Победата на Торино ја најави македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во 41.минута. Елмс го постигна …
Continue Reading
Адеми се повреди, Ристовски доби црвен картон, Динамо не успеа да го победи Хајдук
Фудбалерите на Динамо и Хајдук ремизираа 2:2 во вечното дерби на хрватскиот фудбал, кое се одигра во 24. коло. Од нерешениот резултат најмногу профитираше лидерот Риека, бидејќи вчера неочекувано ремизираше против Горица. Риека ја задржа предноста од еден бод во однос на Хајдук и седум во однос на Динамо. Загреб поведе во шестата минута со голот на Мартин Батурина, …
Continue Reading
Рома му нуди нов договор на Свилар
Миле Свилар (25) дефинитивно се наметна на голот на Рома. Тој е еден од најдобрите во тимот на Клаудио Раниери оваа сезона, па оттука и не изненадува планот на семејството Фредкин да му понуди нов договор. Актуелниот договор на Свилар истекува во јуни 2027 година. Доколку го продолжи договорот ќе добие и покачување на плата. Спорд италијанските медиуми ќе заработува …
Continue Reading
Луис Енрике: ПСЖ не се плаши од Ливерпул
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја продолжија својата неверојатна серија на резултати и победи. „Светците“ за полувреме го декласираа Лил во Лига 1 со што си направија добра увертира пред двомечот со Ливерпул во Лигата на шампионите. Покрај дуелот на градските ривали од Мадрид, ова е најочекуваниот осминафинален натпревар во елитната лига. ПСЖ за три дена во Париз ќе го …
Continue Reading