(Видео) Олисе започна, Кејн го декласира Лајпциг
Фудбалерите на Баерн беа повеќе од убедливи на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион на Германија го пречека тимот на Лајпциг и го декласира со 6:0. Традицијата продолжи, бранителот на титулата речиси никогаш не ги губи натпреварите што вообичаено ги игра на отворањето на новата сезона. Исто беше и сега, бидејќи Баерн не остави ниту една шанса за …
Continue Reading
Рoма се вклучи во трката за потписот на Елмас
Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Вториот дел од минатата сезона, Елмас ја мина на позајмица во Торино. „Биковите“ немаат пари да го откупат неговиот договор но извесно е дека фудбалерот ќе се врати во Серија А. Најмногу шанси за да го ангажира Елмас има неговиот поранешен клуб Наполи. Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел …
Continue Reading
Барселона одбиле 80 милиони за Фермин Лопез
Каталонски „Спорт“, откри дека Манчестер јунајтед и Челзи испратиле понуди до Барселона од 80 милиони евра за Фермин Лопез. Понудата на „Ноу Камп“ пристигнала кон крајот на јули. Во Барселона имало несогласување околу тоа дали треба да биде продаден или не. Некои членови на Управниот одбор верувале дека продажбата ќе помогне во тешката финансиска ситуација и во регистрацијата на нови …
Continue Reading
Ренато Веига од Челзи се пресели во Виљареал
Потврдено е дека Ренато Веига (22) потпишал за Виљареал во трансфер вреден 29,5 милиони евра, вклучувајќи бонуси и клаузула за процент од идните продажби. Трансферот на Веига е најскап во историјата на шпанскиот клуб, а португалскиот дефанзивец дојде од Челзи. Претходниот рекорд го држеше Пако Алкасер, кого Виљареал го донесе од Борусија Дортмунд за 25 милиони евра во 2020 година.
Continue Reading
Тудор: Преодниот рок мора да заврши пред почетокот на сезоната
Јувентус ќе го игра првото коло од Серија А во недела, пред стартот на сезоната на новинарите им се обрати тренерот Игор Тудор. Тој ја критикуваше моменталната организација на летниот преоден рок, кој и покрај тоа што сезоната започнува тој се уште трае. „Трансфер пазарот? Да бидам искрен, дури и не обрнувам внимание на шпекулациите бидејќи би полудел. Сосема е …
Continue Reading
Наполи минатото лето одбил 200 милиони евра за Кварацхелија и Осимен
Сопственикот на Наполи и филмски продуцент Аурелио Де Лаурентис (76) откри дека минатото летото, за време на Европското првенство во Германија, ПСЖ му понудил повеќе од 200 милиони евра за напаѓачите Хвича Кваратцхелија и Виктор Осимен, објавија италијанските медиуми. Кваратцхелија беше најдобриот играч на грузискиот Динамо од Батуми и пристигна во Наполи во јули 2022 година во трансфер вреден 13 …
Continue Reading
Премиерлигашите потрошија рекордна сума пари за засилувања во летниот преоден рок
Откако Лидс потпишаа договор со играчот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од англиската Премиер лига ова лето достигна рекордни 2,37 милијарди фунти, објави Би-би-си. Вкупната потрошувачка на клубовите од Премиер лигата го надмина рекордот од 2,36 милијарди фунти поставен во летото 2023 година. Шест клуба ги срушија сопствените рекорди, вклучувајќи ги: Брентфорд, кој …
Continue Reading
(Видео) Како правилно се изговараат презимињата на фудбалерите на Манчестер јунајтед
Правилното изговарање на имињата на фудбалерите често е проблем за коментаторите на натпреварите, но и за сите фанови на оваа игра. Со оглед на тоа дека во секој јазик постојат правила, но и исклучоци при изговарање на букви, слогови и зборови, најточниот изговор на имињата можат да го дадат самите фудбалери. Полека станува пракса клубовите да поставуваат видеа во кои …
Continue Reading
Мексиканката Оваље најскапа фудбалерка во историјата
Мексиканската фудбалерка Лизбет Оваље се пресели од Тигрес УАНЛ во американскиот Орландо Прајд за еден и пол милион американски долари, што е нов светски рекорд во женскиот фудбал. Лизбет Оваље го сруши претходниот рекорд, поставен од 20-годишната Канаѓанка Оливија Смит кога се пресели од Ливерпул во Арсенал во јули за точно еден милион фунти, што е 1,3 милиони долари, пишува …
Continue Reading