Ливерпул без двајца важни играчи во дербито против Сити

Во неделното дерби на Премиер лигата против Манчестер Сити, Ливерпул ќе биде ослабен поради отсуството на Александар Исак и Коди Гакпо, потврди тренерот Андони Ираола. Тимот од „Енфилд“ го пречекува лидерот во Премиер лигата по четири победи во последните пет натпревари во сите натпреварувања. Ливерпул го победи Борнмут со 1:0 пред репрезентативната пауза, а сега се соочува со еден од …

Continue Reading

Мурињо го осуди таргетирањето на Мбапе: Го имате Сити, го имате Роналдо, но секогаш „удирате“ по Реал

Реал Мадрид утре ќе го пречека Виљареал, во осмата рунда, во Ла Лига. Во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо одржа прес конференција. Националните шампионати се враќаат по три неделна пауза, поради настапите на репрезентациите. Во првиот меч, против Турција, се повреди Килијан Мбапе, по што медиумите внимателно го следеа секој негов потег. Каде беше, што правеше, кога тренираше, со кого …

Continue Reading

По 500 дена пекол Кулушевски одигра еден натпревар

Дејан Кулушевски (26), Швеѓанец со македонски корени направи голем чекор кон враќање на теренот по сериозната повреда што го спречи да игра повеќе од 500 дена. Како што пишува „Лондон Ивнинг Стандард“, Кулушевски играл на тренинг натпревар за време на репрезентативната пауза, што беше негов прв настап по мај 2025 година. Кулушевски учествуваше во натпревар 11 против 11 во тренинг …

Continue Reading

Фридкин има намера да го продаде Евертон

По само две години, Евертон би можел повторно да го промени сопствеништвото, бидејќи „Фридкин Груп“ сериозно размислува за продажба на клубот. „Фридкин Груп“, исто така е сопственик на Рома. „Фридкин Груп“ разгледува нови инвестициски опции за Евертон. Вклучувајќи ја и продажбата на потенцијален дел од контролниот пакет акции. Кога „Фридкин Груп“ стана сопственик на Евертон, клубот се соочи со значителна …

Continue Reading

ФИФА: Нема ништо спорно во случајот Мпаси

Демократска Република Конго наводно го користела голманот Лионел Мпаси, кој не го завршил процесот на натурализација за време на квалификациите за Светското првенство, но ФИФА по истрагата изјави дека нема проблеми со неговата подобност за настап. Контроверзниот случај го откри „Њујорк тајмс“, во кој се наведува дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и светското управно тело биле свесни за неправилностите …

Continue Reading

Џака доби парична и условна казна

Гранит Џака, швајцарскиот репрезентативец и играч на Сандерленд, ја дозна казната за фалсификуван тест за Ковид во 2022 година. Тој ќе мора да плати 150.000 евра на 30 рати и доби условна казна затвор од две години. Џака, добил потврда дека е вакциниран, иако не го сторил тоа. Тој го призна ова како дел од истрагата што се водеше во …

Continue Reading

Тони Крос e подготвен да започне тренерска кариера

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос (36) се подготвува за ново поглавје во својата кариера. По завршувањето на активната фудбалска кариера, поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид сака да се испроба во тренерската работа, а враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ е една од можните опции. Според шпанскиот весник „АС“, Крос ја известил Шпанската фудбалска асоцијација за својата намера да влезе …

Continue Reading

Шокантни тврдења за смртта на Марадона: Се ослободија од него, беше темпирана бомба

На судењето на седумте здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, беа упатени сериозни обвинувања против медицинскиот тим кој се грижел за легендарниот аргентински фудбалер во последните денови од неговиот живот. Обвинителот Патрицио Ферари изјави дека Марадона бил оставен на група неорганизирани аматери и дека куќата каде што се опоравувал немала ниту најосновна медицинска опрема. Завршните зборови на …

Continue Reading

По Манечестер Јунајтед и Реал ја следи ситуацијата околу Мектоминеј

Реал Мадрид е заинтересиран да го доведе Скот Мектоминеј (29), шкотски играч од средниот ред кој стана една од најголемите ѕвезди на италијанскиот фудбал откако го напушти Манчестер Јунајтед. Како што пишува италијанскиот „Ил Матино“, а објави и „Тутомеркатовеб“, мадридскиот клуб веќе контактирал со менаџерите на играчот од Наполи за да се распраша за можноста за негов трансфер. Мектоминеј има …

Continue Reading