Лорен Блан доби отказ од Ал-Итихад
Францускиот стратег Лоран Блан веќе не е тренер на Ал-Итихад, клубот кој минатата сезона го одведе до титулата во Саудиска Арабија. Веста беше официјално потврдена еден ден по поразот со 0-2 од Ал-Наср. Клубот ја сподели информацијата на социјалните мрежи, каде што се наведува дека со тимот ќе раководи капитенот Хасан Халика, а негов прв асистент ќе биде досегашниот тренер …
Continue Reading
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција
Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер. Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на …
Continue Reading
Интер рутински го победи Калјари
Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф. Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез. Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.
Continue Reading
Арне Слот: Тешко е да се прифати, но поразот ги открива нашите слабости
Менaџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја изрази својата фрустрација по првиот пораз на тимот во Премиер лигата оваа сезона, истакнувајќи ја слабата игра при одбрана на статични позиции. Ливерпул загуби со 2-1 на „Селхерст Парк“ од Кристал Палас, откако Исмаила Сар и Еди Нкетија го искористија корнерот и долгото додавање за победа, прекинувајќи го перфектниот старт на тимот. И покрај …
Continue Reading
Чаби Алонсо: Загубивме заслужено и судиите немаат ништо со тоа
Реал Мадрид доживеа убедлив пораз од 5-2 во дербито со Атлетико Мадрид, прв под водство на Чаби Алонсо. По мечот, тренерот призна дека тимот не бил на потребното ниво и дека проектот што го гради е сè уште во развој. „Одигравме лош натпревар, ниту колективно, ниту индивидуално. Не бевме на висина ниту со топка, ниту без неа. Ова е прв …
Continue Reading
Јувентус и Аталанта и понатаму се непоразени, а ремизираа во Торино
Јувентус и Аталанта одиграа реми 1-1 во петтото коло на Серија А на стадионот „Алијанц“. И покрај очекувањата за динамичен дуел со голови, натпреварот мина во силна борба, со малку реализирани шанси. Во првиот дел, Аталанта ја имаше првата шанса преку Никола Крстовиќ, додека за Јувентус најопасен беше Аџиќ. Водството за Аталанта дојде во судиското надополнување на првиот дел, кога …
Continue Reading
Рекордерот Хари Кејн: Чест е да се постигнат 100 гола во дресот на Баерн, не размислувам за враќање во Англија
Рекордерот по најбрзо постигнати 100 голови за клуб од топ 5 европски првенства, Хари Кејн, зборуваше по убедливата победа над Вердер со 4-0. Капитенот на Англија постигна нови два погодоци, со кои ги надмина достигнувањата на Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд, достигнувајќи ја бројката од 100 голови само за 104 натпревари. Капитенот на Англија го коментираше својот подвиг. „За мене …
Continue Reading
Монако поразен на гостувањето кај Лориен
Монако претрпе тежок пораз на гостувањето кај Лориен со 3-1 во рамките на шестото коло од Лига 1. „Кнезовите“ останаа со играч помалку уште во 38. минута по црвениот картон за Тило Керер, што значително ја олесни задачата за домаќините. Само две минути подоцна, Бамба го отвори резултатот за Лориен, а во завршницата Пабло Пажис со два погодоци ја потврди …
Continue Reading
Атлетико ја наполни мрежата на Реал во мадридското дерби
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи. Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. …
Continue Reading