(Видео) Само бод за Челзи во Карабаг, Пафос го шокира Виљареал

Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2). Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар …

Continue Reading

Де Роси е новиот тренер на Џенова

Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денес италијанските медиуми. „Фудбал Италија“, објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А. Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина во недела. Управата на Џенова не …

Continue Reading

Компани: Сè е супер, но трофеите не се освојуваат во ноември

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната. „Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот …

Continue Reading

На „Сантијаго Бернабеу“ донеле одлука за иднината на Винисиус

Винисиус Жуниор предизвикува сè повеќе проблеми во Реал со своето однесување, а се чини дека во Мадрид донеле одлука околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. Како што ексклузивно открива „Билд“, бразилскиот напаѓач ќе биде продаден следното лето. Сè кулминираше по „Ел Класико“ и однесувањето на Винисиус. Претходно, двете страни ќе се обидат да го продолжат договорот, а потоа Реал ќе …

Continue Reading

Роналдо му се восхитува на Доналд Трамп

Фудбалерот на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери и најпопуларните спортисти на 21 век, Кристијано Роналдо, му се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп. Поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус го пофали Трамп за работата за постигнување мир во Газа. „Доналд Трамп е еден од луѓето кои можат да помогнат да се промени светот“, рече …

Continue Reading

Даумен стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите

Арсенал славеше против Славија од Прага со 3:0 во четвртото коло во Лигата на шампионите. Натпреварот во Прага го одбележа фудбалерот на Арсенал, Макс Дауман. Младиот играч влезе во игра во 73-та минута и влезе во историјата станувајќи најмладиот играч што настапил во Лигата на шампионите. Дауман има само 15 години и 308 дена и со тоа стана најмладиот фудбалер …

Continue Reading

Никој не сака да биде менаџер на Селтик

Шкотскиот великан, фудбалскиот клуб Селтик сè уште нема менаџер. Тој го има в.д. менаџерот Мартин О’Нил, но раководството на шкотскиот шампион не може да најде постојан тренер, бидејќи досега тројца стручњаци ја одбиле нивната понуда. Се очекуваше дека Ангелос Постекоглу ќе се врати на клупата откако беше отпуштен од Нотингем Форест, но Австралијанецот го одби поранешниот клуб со оправдување дека …

Continue Reading

(Видео) Цела Европа зборува за голот на Мики ван де Вен

Холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен го претрча целиот терен и постигна гол што ја воодушеви Европа. Кога ќе ве споредат со Лионел Меси, знаете дека сте постигнале нешто посебно, а доколку си дефанзивец тогаш сето тоа звучи нереално. Мики ван де Вен постигна гол во победата на Тотенхем од 4-0 над Копенхаген во Лигата на шампионите, додека неговиот тим …

Continue Reading

(Видео) Јуве се уште нема победа во ЛШ, рутински победи на Тотенхем и Атлети, Олимпијакос се самоуништи против ПСВ

Одиграни се првите натпревари од четвртото коло во Лигата на шампионите. Ги обележаа дерби пресметките во Ливерпул и Париз. Ливерпул го победи Реал со 1:0, а ПСЖ загуби од Баерн со 1:2. Јувентус и по четири рунди нема победа во Лигата на шампионите. „Старата дама“ одигра 1:1 со Спортинг во Торино и г забележа третиот нерешен резултат. Јувентус губеше против …

Continue Reading