Роџерс го продолжи договорот со Астон Вила
Фудбалерот на Астон Вила, Морган Роџерс го продолжи договорот со клубот од Бирмингем до 2031 година. „Астон Вила со задоволство објавува дека Морган Роџерс потпиша нов договор со клубот. Англискиот репрезентативец постигна договор што ќе го задржи во Вила до 2031 година“, се вели во соопштението на англискиот клуб. Роџерс (23) се приклучи на Астон Вила во февруари минатата година, …
Continue Reading
Јуриќ во една година три пати добил отказ
Иван Јуриќ очекувано доби отказ во Аталанта. Човекот кој забележа многу добри резултати на клупите на Верона и Торино помеѓу 2019 и 2024 година е во низа што ретко се гледа во врвниот спорт. Хрватот беше отпуштен од Аталанта денес, точно на годишнината од неговото отпуштање од Рома (10 ноември 2024 година), а во меѓувреме беше назначен за тренер и …
Continue Reading
Дешан негира дека добил понуди од Јувентус и Бразил
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, потврди дека ги напушта „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година, но сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата потоа. Дешан потврди дека разговарал со претставници на саудиски клуб за можна соработка откако ќе му истече договорот со француската репрезентација. Сепак, тој ги негираше гласините за можно враќање во Јувентус или преземање на …
Continue Reading
Гвардиола откри кој е еден од најпаметните играчи што ги тренирал
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има исклучително мислење за актуелниот капитен на својот тим, Бернардо Силва. Шпанецот беше особено расположен по големата победа над англискиот шампион Ливерпул (3:0) во 11-то коло од Премиер лигата. По овој натпревар, јубилеен 1.000-ти во неговата тренерска кариера, тој зборуваше со пофалби за неколку фудбалери со кои соработувал во претходните години, но особено го …
Continue Reading
Атлетико Мадрид има нов сопственик
Иневстицискиот фонд Аполо Спортс Капитал е новиот мнозински акционер на Атлетико Мадрид, објави шпанската прва фудбалска лига. „Атлетико Мадрид и неговите главни акционери, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент, постигнаа договор Аполо Спортс Капитал (ASC), глобална компанија за спортски инвестиции, да стане мнозински акционер на нашиот клуб“, објави клубот. Четирите поранешни главни …
Continue Reading
Мурињо замина од Истанбул, но во хотелот оставил долг од 750.000 евра
Престојот на Жозе Мурињо во Фенербахче, кој заврши со негово отпуштање во август, доби нов, финансиски тежок епилог. Португалскиот тренер наводно го оставил поранешниот клуб со неплатена хотелска сметка во износ од 747 илјади евра, објави турскиот весник „Јеничаг Газетеси“, како што објави португалскиот „Record.pt“. Мурињо помина 16 месеци на клупата на турскиот гигант, а речиси целиот тој период, поточно …
Continue Reading
„Граѓаните“ ја прекина неверојатната низа на Ливерпул
Пеп Гвардиола го победи Ливерпул со 3:0 во својот 1000-ти натпревар во како тренер и во исто време ја прекина одличната серија на тимот од Енфилд. Актуелните англиски шампиони постигнаа голови во 44 последователни натпревари од Премиер лигата. Подобра серија од нив имаше само Арсенал од сезоната 2001/02, кој успеа во 55 натпревари да постигне најмалку еден гол. Интересно е …
Continue Reading
Лионел Меси се врати на „Камп Ноу“
Според многумина, најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, го посети стадион „Камп Ноу“, кој е во последна фаза од реновирањето. На овој стадион, 38-годишниот Аргентинец доживеал многу брилијантни моменти во својата кариера носејќи го дресот на Барселона. Лионел Меси го носеше дресот на Барселона 2004 до 2021 година, и сосема е логично што неговата „тајна“ посета во неделата навечер била …
Continue Reading
Јуриќ ќе доби отказ, на неговото место доаѓа Паладино
Италијанските медиуми пред пет дена објавија дека два натпревари ќе ја одредат судбината на Иван Јуриќ на клупата на Аталанта. Првиот го доби, против Марсеј во Лигата на шампионите, во вториот доживеа дебакл на домашен терен од Сасуоло (0:3). Италијанскиот инсајдер, новинарот, Николо Скира, тврди дека Иван Јуриќ ќе биде отпуштен. Според овој извор, Аталанта има фаворит за нов тренер. …
Continue Reading