Салах го кани Де Брујне да дојде во Ливерпул
Кевин Де Брујн денес го игра своето последно финале во дресот на Манчестер сити. „Граѓаните“ во финалето на ФА купот за противник го имаат Кристал Палас. Де Брујне ќе го напушти како слобиден играч, а се очекува по завршувањето на сезоната да објави каде ќе ја продолжи кариерата. Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах го кани Белгиецот на „Енфилд“. Египќанецот …
Continue Reading
Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите
Поранешниот шампион на Италија и освојувач на европски трофеј, Сампдорија, испадна во третата лига на италијанскиот фудбал. Во последното коло од Серија Б, Сампдорија одигра без гол против Јуве Стабија (0:0), но резултатите од другите натпревари не им одеа во прилог. Тоа значеше дека за прв пат во 79 години постоење, клубот од Џенова се пресели во Серија Ц. Навивачите …
Continue Reading
Еми Мартинез си оди од Астон Вила
Најдобриот голман во светот, според ФИФА, Емилијано Мартинез, емотивно го доживеа крајот на натпреварот против Тотенхем. Астон Вила во претпоследното коло го победи Тотенхем со 2:0 и остана во трката за место во Лигата на шампионите. Дуелот од претпоследното коло беше последен за Вила оваа сеозна пред домашната публика. Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, рече „ќе видиме“ кога беше …
Continue Reading
Менаџерот на Олмо негира дека преговара со Манчестер сити
Шпанскиот фудбалер Дани Олмо се повеќе се поврзува во странските медиуми со трансфер од Барселона во Манчестер сити. Поранешниот играч на Динамо пристигна во Барселона минатата година за 55 милиони евра. Менаџерот на фудбалерот, Енди Бара за германски „Скај Спорт“, откри какви се плановите на неговиот клиент. „Во моментов не разговараме со ниту еден друг клуб освен со Барселона. Дани …
Continue Reading
Прво засилување за Чаби Алонсо, Хујсен се договори со Реал
Високиот шпански стопер Дин Хујсен ќе биде првото засилување на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Според италијанскиот фудбалски „инсајдер“ Фабрицио Романо, неговиот трансфер е договорен со Борнмут, и наскоро зделката ќе биде официјализирана. Хујсен има само 20 години, висок е 195 сантиметри, по завршувањето на лекарските прегледи, ќе потпише договор со Реал до 2030 година. Веќе беше познато …
Continue Reading
УЕФА жестоко ја казни Хрватска
Европската куќа на фудбалот строго го казни Хрватскиот фудбалски сојуз за инцидентите предизвикани од неговите навивачи на четвртфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Франција. Во март, Хрватите го добија првиот натпревар со 2:0, но загубија во реваншот со ист резултат, а по изведувањето пенали во Париз беа елиминирани од понатамошното натпреварување. Според извештаите на УЕФА, хрватските навивачи извршиле расистички …
Continue Reading
(Видео) Шчесни запали пура, а Педри и тимот на велосипеди кај Торес
Барселона теоретски ја обезбеди титулата во Шпанија во четврток вечерта со победа на гости против Еспањол (0:2). Целиот натпревар беше засенет од настанот што се случи пред стадионот кога автомобил влета во група навивачи и повреди најмалку 13 лица. Оваа ситуација не беше повод за славење, а од Еспањол не беа расположени да им дозволат на ривалите барем кратка прослава …
Continue Reading
Реал мора да плати доколку сака Трент да игра на клупското СП
Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид. Тоа ќе се случи на 1. јули, кога официјално истекува неговиот договор со Ливерпул. Реал Мадрид сака Арнолд порано да го облече белиот дрес и да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни. Со …
Continue Reading
Гатузо и Хајдук спогодбено ќе се разделат
Џенаро Гатузо ќе го предводи Хајдук за последен пат на натпреварот во Пољуд во недела. Дербито против Риека ќе биде негово збогување со сплитската публика, а натпреварот од последното коло, кој Хајдук ќе го игра во Шибеник, ќе биде негово збогување со клупата на сплитскиот тим. Италијанскиот стручњак има договор за уште една година, но нема да го доврши и …
Continue Reading