Атлетико ќе се обиде да го сопре залетаниот Реал во градското дерби
Мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе ја раздвижи шпанската престолнина денеска, кога двата гиганти ќе се сретнат на стадионот „Ер Метрополитано“. Натпреварот од седмото коло на Ла Лига започнува во 16:15 часот и се очекува да биде еден од најинтересните судири на почетокот од сезоната. Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го сопре залетаниот противник, …
Continue Reading
Христов: Сакаме да продолжи позитивната серија на Македонија ЃП
Екипата на Македонија ЃП на последните четири меча во домашниот шампионат има три победи и еден пораз. Во текот на оваа серија совладани се Пелистер, Брера и Шкупи додека единствениот неуспех беше на гостувањето против Вардар. Благодарение на победничката низа „лавовите“ полека но сигурно се искачуваат на табелата со девет освоени бода и во моментов се на шестата позиција. Денеска …
Continue Reading
Арсими посакува победа против последнопласираниот Шкупи
Во осмото коло од Првата македонска фудбалска лига, Арсими ќе го пречека составот на Шкупи. Натпреварот има големо значење за домашниот тим, Арсими сака да се врати на победничките патеки по незгодниот пораз од Брера во Струмица додека Шкупи е во серија на лоши резултати и бара излез од кризата. Дуелот во Гостивар е одлична можност за домашната екипа да …
Continue Reading
Милај: Шкупи ги бара првите бодови, но не го потценуваме Арсими
Екипата на Шкупи сè уште нема бодови ниту по седум кола во елитниот фудбал во Македонија. Денес пред нив е Арсими, кој ги загуби последните три натпревари во Гостивар. Шкупи верува дека сега е време да ги освои првите бодови во оваа сезона. Играчот од средниот ред Адонис Милај бара максимална посветеност од своите соиграчи, а во исто време предупредува …
Continue Reading
Вест Хем го отпушти менаџерот Грем Потер
Вест Хем го отпушти тренерот Грем Потер по само осум месеци на клупата, откако тимот под негово водство забележа само шест победи во 25 натпревари. Одлуката следеше по поразот од Кристал Палас (1-2) на домашен терен, со што лондонскиот клуб падна на 19. место во Премиер-лигата со само три бода од пет кола. Оваа сезона Вест Хем прими 13 голови, …
Continue Reading
Вареловски: Со победа денеска нештата да тргнат на подобро за Тиквеш
Тиквеш се соочува со проблеми уште од почетокот на сезоната, но се чини дека полека работите доаѓаат на своето место и се верува дека токму по денешниот натпревар следуваат подобри резултати во Првата фудбалска лига. Кавадарчани во моментов се на десеттото место на табелата со пет освоени бода и со евентуален триумф денеска на свој терен од 15:00 часот против …
Continue Reading
ФИФА суспендираше седум репрезентативци на Малезија поради фалсификување на документи
Дисциплинскиот комитет на ФИФА донесе строги мерки против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и седум интернационални фудбалери – Габриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел – поради злоупотреба на документи и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Играчите имаат аргентинско, шпанско, бразилско и холандско потекло, а Гарсес настапува за шпанскиот тим Алавес од Ла …
Continue Reading
ПСЖ остана без Маркињос во наредните неколку седмици
Бразилскиот фудбалер и капитен на Пари Сен Жермен, Маркињос, го повреди левиот бутен мускул и нема да игра во наредните неколку недели, соопшти клубот од Париз. ПСЖ не прецизираше кога Бразилецот ја добил повредата, иако тој одигра цел натпревар против Марсеј (1-0) во понеделникот, како и натпреварот од Лигата на шампионите минатата недела против Аталанта (4-0). Маркињос така ѝ се …
Continue Reading
Дембеле ја освоил „Златната топка“ со 319 гласа предност пред Ламин Јамал
Француската ѕвезда Осман Дембеле, новиот добитник на престижната награда „Златна топка“ во изборот на „Франс Фудбал“, убедливо го победил Ламин Јамал, кој заврши на втората позиција. Иако дел од јавноста очекуваше израмнета трка меѓу двајцата, официјалните резултати покажаа значителна разлика. Дембеле освои вкупно 1380 гласови, додека Јамал собра 1059. Предноста од 319 гласа му обезбеди сигурна победа на Французинот. На …
Continue Reading