Тео Ернандез: Ибрахимовиќ, за наше добро, не тепаше на тренинзите

Францускиот репрезентативец и поранешна ѕвезда на Милан, Тео Ернандез, отворено проговори за своето заминување од „Сан Сиро“ во интервју за италијанските медиуми. По шест години во црвено-црниот дрес, ова лето се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија. Во интервјуто откри дека бил принуден да си замине, иако сакал да остане во клубот. „Дали некогаш би заминал? Никогаш. Мојот приоритет …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Тијаго Силва во Порто

Бразилскиот ветеран, Тијаго Силва (41) се врати во Европа, тој потпиша договор „еден плус еден“ со Порто. Значи тој ќе игра за португалскиот клуб до крајот на сезоната, со можност за продолжување за уште една сезона. Минатата недела, Силва го раскина договорот со Флуминенсе од родниот Рио де Жанеиро. Во Флуминесе мина две сезони во својот втор мандат во дресот …

Continue Reading

(Видео) Вест Хем немоќни пред Ерлинг Халанд

Во сабота од 16 часот се одиграа уште четири натпревари од 17-то коло на Премиер лигата. Манчестер Сити ја продолжи победничката серија, со убедливиот триумф од 3:0 над Вест Хем. Сити, барем на неколку часа се искачи на првото место на табелата. Лидерот Арсенал од 21 часот гостува кај Евертон. Играчите на Пеп Гвардиола беа доминантни во текот на целиот …

Continue Reading

(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот

Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1. Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од …

Continue Reading

Алекс Фергусон: Можно е Манчестер Јунајтед уште 10 години да не биде шампион

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, даде загрижувачка прогноза за иднината на клубот, предупредувајќи дека може да помине уште една деценија пред повторно да го кренат трофејот од Премиер лигата. Јунајтед ја освои последната титула во лигата во 2013 година, точно во последната сезона на шкотскиот стручњак на клупата. Фергусон денес има 83 години и освои 13 титули …

Continue Reading

Лапорта жестоко го нападна Реал Мадрид: Повраќаат лаги и го трујат фудбалот

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, жестокот го нападна Реал Мадрид, обвинувајќи ги заколнатите соперници за кршење на етичките и моралните стандарди и водење клеветничка кампања. Зборувајќи на божиќниот настан на клубот, Лапорта рече дека Барселона нема да толерира лаги и институционално заплашување, вперувајќи го прстот во медиумската содржина произведена од Реал Мадрид. Односите меѓу двата шпански гиганти драстично се влошија …

Continue Reading

Херојот на ПСЖ ја скршил раката

Голманот на Пари Сен Жермен, Матвеј Сафонов, беше апсолутен херој во финалето на Интерконтиненталниот куп. „Светците во среда вечерта ја освоија титулата, а два дена подоцна пристигнува вест дека тој заработил фрактура на левата рака. Пари Сен Жермен го победи Фламенго по подобро изведување на пенали. Резултатот беше 1:1 по 120 минути игра, францускиот првак победи 2:1 на пенали. Матвеј …

Continue Reading

Слот има добри вести: Собослaј е подготвен, се враќа Фримпонг

На прес конференцијата на Арне Слот пред гостувањето на Ливерпул кај Тотенхем имаше добри вести, но „Црвените“ одат во Лондон без седум играчи. Тотенхем и Ливерпул играат во 18:30 часот. Иако имаше многу шпекулации, Арне Слот вели дека Доминик Собослај треба да биде подготвен за натпреварот во сабота. Добрата вест е дека повредата на Коди Гакпо не е толку сериозна …

Continue Reading

Капело му се восхитува на голманот на Рома

Пред натпреварот помеѓу Јувентус и Рома, легендарниот тренер Фабио Капело ги откри своите очекувања за дербито во Серија А. Капело некогаш ги водеше двата клуба, а сега издвои четири фудбалери кои би можеле да бидат клучни фактори во играта, а како Икс фактор го издвои голманот на Рома. „Свилар. Тој е најдобриот голман во лигата со неверојатен преглед на играта …

Continue Reading