Билети за мечот Македонија – Казахстан утре ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената
Фудбалската федерација на Македонија информираше дека освен преку сајтот eticket.ffm.mk специјализиран за електронски билети за мечевите на националниот тим, билети за утрешниот меч со Казахстан ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје. Утре, на денот на натпреварот, од 10 до 17 часот ќе може да се купи билет за мечот Македонија – Казахстан …
Continue Reading
Македонија до 19 години убедливо ја победи Црна Гора на гости
Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2:4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции. Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф. Серијата голови …
Continue Reading
Винисиус: Анчелоти е најдобриот тренер што сум го имал во кариерата
Напаѓачот Винисиус Жуниор призна дека Карло Анчелоти е неговиот омилен тренер, иако Италијанецот го напушти Реал Мадрид пред пет месеци. Сега тие повторно соработуваат заедно во националниот тим на Бразил. 25-годишниот крилен играч има 201 натпревар под водство на Анчелоти – двојно повеќе отколку со Зидан. За Кралевите постигна 90 гола и 68 асистенции, а за Селесао во три натпревари …
Continue Reading
УЕФА подготвува нова револуција, ќе има промени во квалификациите за ЕП и за СП
Квалификациите за Светско и Европско првенство во фудбал би можеле да доживеат целосна промена. УЕФА размислува за воведување систем сличен на Лигата на шампионите, пишува британски „Тајмс“. Лига-шемата би овозможила повеќе големи натпревари, а помалите репрезентации сепак би имале шанса за дуели со силните селекции. Се размислува и за вклучување на Лигата на нации како дел од квалификациите. Генералните секретари …
Continue Reading
Влаховиќ: За мене е ова најтешкиот пораз во репрезентативната кариера
Напаѓачот Душан Влаховиќ ја коментираше тешкиот пораз на Србија од Албанија (0-1). Фудбалерот на Јувентус зборуваше отворено за емоциите по мечот. „Ова не е лесно. За мене е најтежок пораз од кога сум во репрезентацијата, и верувам дека другите момци се чувствуваат исто. Тежок ден, тешка вечер. Нема што друго да кажам“, изјави Влаховиќ. И покрај необичната, речиси „театрална“ атмосфера …
Continue Reading
Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико
Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона. Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција. „Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија. Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот. Шпанските …
Continue Reading
Нотингем Форест веќе го пронајде наследникот на Постекоглу
Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми. Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик. Постекоглу беше …
Continue Reading
Оставката на Пикси е прифатена, Зоран Мирковиќ ќе ги предводи Србите против Андора
Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Лесковац. Пикси нема да патува со тимот во Андора. Тимот ќе го предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата репрезентација. Тој веќе се приклучи на тимот во Ниш заедно со стручниот штаб. „По поразот на репрезентацијата од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка …
Continue Reading
Покоњоли е нов тренер на Монако
Францускиот клуб Монако, го назначи 38-годишниот поранешен белгиски репрезентативец Себастијан Покоњоли за нов тренер на тимот. Тој го наследува Австриецот Ади Хутер, кој го напушти клубот на 10 октомври, соопшти официјалниот сајт на клубот. Како играч, Покоњоли настапуваше за Генк, АЗ Алкмар, Стандард, Хановер, Вест Бромич Албион, Брајтон и Унион Сен Жил. По завршувањето на играчката кариера, тој започна тренерска …
Continue Reading