Џеко се сели во Шалке

Един Џеко (39) постигнал договор со Шалке, објави новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенберг. Инсајдерот открива дека сега ќе мора да се договорат водечкиот тим во германската втора лига и Фиорентина. Един Џеко ѝ се придружи ова лето, но одигра 18 натпревари (722 минути) главно како резерва и сега сака да си замине. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната. Плетенберг …

Continue Reading

Јувентус се договорил со Матета, сега треба да се договори со Кристал Палас

Жан-Филип Матета постигна договор со Јувентус и го чека исходот од преговорите меѓу Кристал Палас и „старата дама“. Италијанските медиуми открија дека Матета ја прифатил понудата на Јувентус, според која ќе заработува 4.000.000 годишно, но сега следува потешкиот дел од преговорите. Наводно, Палас сака да собере 35.000.000 евра и бонуси, додека Јувентус нуди опција за позајмица до крајот на летото …

Continue Reading

(Видео) Битката за Африка и пешкирот – Сенегалците жестоко го бранеа затоа што штити од црна магија?

Финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал сè уште е најжешката тема на фудбалската јавност. Натпреварот во Рабат тешко дека ќе се памети по фудбалскиот спектакл, но настаните ќе се раскажуваат долго време поради кои африканскиот фудбал секогаш ќе служи за потсмев. Медиумите сега се фокусираат на драмата што се одвиваше зад голот на сенегалскиот голман Едуар …

Continue Reading

По прославата доаѓаат казните

Африканската фудбалска конфедерација (CAF) издаде соопштение по финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации, кој имаше скандалозен крај. Фудбалерите на Сенегал го кренаа вториот трофеј во последните три учества на континенталното првенство со минимален триумф (1:0), над домаќинот Мароко, а малку фалеше Сенегалците да не го доиграат натпреварот. Виновник за циркузот на стадионот во рабат, беше конгоанскиот судија, Жан-Жак Нгамбо …

Continue Reading

Сити го официјализира трансферот на Марк Геи

Марк Геи официјално стана играч на Манчестер Сити. Само неколку минути го делеа англискиот репрезентативец од потпис за Ливерпул во август. Тогаш трансферот му пропадна, се очекуваше дека по завршувањето на сезоната, како слободен играч да се пресели на „„Енфилд“, но Сити реши да се вмеша во трката и му ја расипа зделката на Ливерпул. Геи потпиша договор со Манчестер …

Continue Reading

Клоп негира дека е кандидат за тренер на Реал

Легендарниот германски стручњак Јирген Клоп повторно мораше да одговори на гласините за неговото преземање на Реал Мадрид. Откако Чаби Алонсо беше отпуштен, германските медиуми во неколку наврати истакнуваа дека Клоп е фасциниран од големината на Реал Мадрид и дека тоа е единствениот клуб по Ливерпул што не може да одбие. Сепак, Клоп ги негира овие наводи, иако не може да …

Continue Reading

(Видео) Менди: Навистина мислите дека Дијаз намерно го промаши пеналот? Бидете сериозени

Брахим Дијаз, играч на Реал Мадрид и репрезентацијата на Мароко е трагичар на годината. Промаши пенал, во 90+23.минута, во финалето на Африканскиот куп, а Мароко остана без титулата, на која чекаше 50 години. Бурно беше финалето на Африканскиот куп. Поништен гол, неоправдано, на Сенегал во 93-та минута, а потоа ВАР пенал, многу сомнителен, во 99-та минута за Мароко. Сенегалците, на …

Continue Reading

(Видео) Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето, го победија домаќинот на натпреварувањето, Мароко, со 1:0 по неверојатна драма обележана со контроверзни судиски одлуки, а голот за освојување на африканската титула го постигна Папе Геје во 94-та минута. Кон крајот на регуларното време, натпреварот беше прекинат во целосен хаос откако селекторот на Сенегал, Папе Тиау, ги повлече своите играчи …

Continue Reading

Флик: Најнесреќниот натпревар во мојата кариера

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран по поразот во неделата од Реал Сосиедад (2:1) на „Реале арена“, истакнувајќи дека резултатот не ја одразува играта на неговиот тим, кој создаде многу шанси. Тој, исто така, се согласи со изјавите на капитенот Френки де Јонг за судијата Хесус Хил Манзано, наведувајќи дека комуникацијата со него била невозможна. Тимот од Сан Себастијан …

Continue Reading