Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година. Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра. Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член …

Continue Reading

Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен

Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24). Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда. Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк. Ван де Вен ја игра …

Continue Reading

Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето

Foto/EPA Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето. Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул. Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, …

Continue Reading

Бејл: Тренерот во Реал треба да менаџира, а не да тренира

Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо. Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“. Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси. „Алонсо е неверојатен …

Continue Reading

Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот

Францускиот фудбалер, Жан-Филип Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот, бидејќи за него се заинтересирани неколку тимови од Премиер лигата и Јувентус, објавија британските медиуми. На Матета му остануваат уште 18 месеци од договорот со Кристал Палас, а како што стојат работите во моментов, нема планови за продолжување на соработката, објавува Би-Би-Си. Италијанскиот гигант Јувентус се …

Continue Reading

(Видео) Ливерпул, Барса, Баерн и Јуве сигурни, Челзи едвај го скрши Пафос

Комплетирано е претпоследното, седмо коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Барса преживеа Прага и на крајот стигна до сигурна победа, Ливерпул беше убедлив во Марсеј, Јуве го доби мало дерби против Бенфика, Баерн лесно се псрави со Унион во второто полувреме, а Челзи на „мускули“ го победи Пафос. Њукасл беше убедлив против ПСВ, а Атлетик Билбао, со пресврт во …

Continue Reading

Арсенал и Челзи во борба за Арда Гулер

Арсенал и Челзи влегувата во трка за потписот на Арда Гулер, доколку играчот на Реал биде достапен во летниот преоден рок. Според „CaughtOffside“, Гулер е долгорочна цел на Арсенал, додека „сините“ неодамна имаа неколку контакти за да се распрашаат за неговата ситуација. Турскиот интернационалец е на радарот на Арсенал уште од октомври 2024 година. Во меѓувреме, Челзи исто така сака …

Continue Reading

Грилиш на принудна пауза

Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза. Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци. „Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, …

Continue Reading

Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната

Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба. Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген. Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар …

Continue Reading