Гарначо е пред трансфер во Челзи

Алехандро Гарначо до крајот на преодниот рок ќе го напушти Манчестер јунајтед. Аргентинецот, по завршувањето на сезоната доби известување од менаџерот Рубен Аморим дека во клубот за него повеќе нема место. Гарначо постигнал договор со Челзи, ги прифатил условите што му биле понудени од „Стенфорд Бриџ“ и сега чека да се договорат клубовите. Според англиските медиуми, Челзи за Гарначо ќе …

Continue Reading

Вест Хем се раздели со Антонио

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци. Ова сценарио го најави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот. За 10 години поминати во клубот, …

Continue Reading

Иниго Мартинез се сели во Ал Наср

Дефанзивецот на Барселона Иниго Мартинез кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Повремениот репрезентативец на Шпанија постигнал договор со Ал Наср. Барселона нема да добие ниту цент од трансферот, тврди новинарот Фабрицио Романо. Искусниот стопер активирал посебна клаузула во договорот за да го напушти клубот. Сепак, Барса ќе заштеди на неговата плата и ќе добие простор за маневрирање за понатамошна …

Continue Reading

Јунајтед и Лајпциг го договориле трансферот на Шешко

Бенјамин Шешко (22) наскоро ќе стане нов играч на Манчестер јунајтед, објави попладнево Фабрицио Романо. Најпознатиот светски експерт за трансфери на фудбалери ги објави деталите за трансферот. Јунајтед ќе плати 76,5 милиони евра фиксна отштета на германскиот РБ Лајпциг за словенечкиот напаѓач, со 8,5 милиони потенцијални бонуси. Вечерва, Шешко ќе отпатува за Англија во друштво на своите менаџери, каде што …

Continue Reading

НБА шампион во забивање ја засили Басконија

Нов играч на кошаркарскиот клуб Басконија е Хамиду Диало (27), победникот на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, во 2019 година. Диало е уште еден во низата кошаркари со солидна НБА репутација кои ова лето решија да се натреваруваат во Евролигата. „Басконија додаде атлетизам во својот состав со тоа што го потпиша крилниот играч Хамиду Диал на две години“, објави …

Continue Reading

Забарњи се сели на „Паркот на принцовите“

Луис Енрике успеа во намерите да го донесе дефанзивецот Илија Забарњи во редовите на Пари Сен Жермен. Од почетокот на летото се знаеше дека нема да има место за Бералдо во Пари Сен Жермен, па Луис Енрике го означи Украинецот како уште еден играч во ротацијата. Забарњи има одлична сезона зад себе во која играше во тандем со Дин Хујсен. …

Continue Reading

Медисон ја пропушта целата сезона?

Лоши вести за Тотенхем. Повредата на Џејмс Медисон е сериозна и тој ќе биде надвор од терените долго време. Креативниот играч од средниот ред се повреди на пријателскиот натпревар против Њукасл (1:1) во Јужна Кореја. Во прашање се вкрстените лигаменти на десното колено. Според првите информации, тој сигурно ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната, а можеби и целата сезона. …

Continue Reading

Најскапиот играч во историјата на Сити ќе го напушти клубот

Најскапото засилување во историјата на Манчестер сити, играчот од средниот ред Џек Грилиш (29), би можел да ја оживее својата кариера во Евертон, објавија британските медиуми. Тренерот на Евертон, Дејвид Мојес, многу го почитува Грилиш и би сакал да го има во своите редови. Евертон, кој оваа година се пресели на нов стадион вреден 900 милиони евра, би сакал да …

Continue Reading

Милан на позајмица го бара Расмус Хојлунд

Милан се повлекол од преговорите со Душан Влаховиќ, тврдат италијанските медиуми, откако во клубот решиле да се насочат кон напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд. Манчестер јЈунајтед побарале 40 милиони евра за неговиот трансфер, но поради сè поизвесното доаѓање на Бенјамин Шешко во редовите на „ѓаволите“, се чини дека Англичаните се подготвени да ја намалат цената. Милан наводно прво би …

Continue Reading