(Видео) Второлигаш го елиминира Арсенал од ФА купот
По поразот во финалето на Лига Купот, Арсенал доживеа елиминација и од ФА Купот. Во четвртфиналето, лидерот во Премиерлигата, загуби во второлигашот Саутемптон со 2:1. Само пред неколку недели се чинеше дека Арсенал може да направи историски резултат и да стигне до четири главни трофеи, сепак, прво Манчестер Сити го расипа планот во финалето на Лига Купот, а вечерва членот …
Continue Reading
(Видео) Халанд го декласира Ливерпул
Манчестер Сити го декласираше Ливерпул со 4:0 на „Етихад“ и се пласираше во полуфиналето на англискиот ФА Куп. Натпреварот го одбележа фантастичниот Ерлинг Халанд, кој постигна хет-трик, додека трагичар на натпреварот беше Мохамед Салах, кој, меѓу другото, промаши пенал. Тоа беше еднонасочна игра во која Ливерпул претрпе еден од најтешките порази во сезоната, пишува „Скај Спортс“. Откако Халанд ја најави …
Continue Reading
(Видео) Реал шокиран на Балеарските острови – Муричи му пресуди на „кралот“
Фудбалерите на Мајорка направија големо изненадување и го победија Реал Мадрид во натпреварот од 30-то коло на шпанската Ла Лига. Натпреварот на стадионот Мајорка на Балеарските Острови заврши со резултат 2:1 (1:0). Мајорка поведе против „кралскиот клуб“ во 41-та минута, а гол постигна Морланес. Долго време тој резултат беше на сила, се чинеше дека домаќинот ќе победи, но во 88-та …
Continue Reading
Собослај нема намера да го напушта Ливерпул
Најдобриот фудбалер на Ливерпул оваа сезона, Доминик Собослај, стави крај на шпекулациите околу потенцијалниот трансфер во Реал Мадрид. Кратко и јасно, Собослај нема намера да го напушти Ливерпул. „Обожавам да бидам тука. Моето семејство е среќно, го сакам клубот, ги сакам навивачите, сакам да играм за Ливерпул и тоа е тоа“, рече Собослај. Во време кога шпекулациите за трансфери стануваат …
Continue Reading
Родригез со денови е во болница
Капитенот на репрезентацијата на Колумбија, Џејмс Родригез (34), е во болница од натпреварот со Франција поради тешка дехидратација. Фудбалската асоцијација на Колумбија објави дека Родригез успешно се опоравува откако беше хоспитализиран во Минесота пред неколку дена, каде што игра за Јунајтед. Според Колумбијците, Родригез е под лекарски надзор во последните 72 часа, бидејќи денот по натпреварот со Франција доживеал состојба …
Continue Reading
Трагедија во Перу пред големото дерби
Едно лице загина, а 47 се повредени, додека навивачи се собирале на јужната трибина на стадионот „Алехандро Вилануева“ во Лима, пред фудбалското дерби помеѓу Универсидад де Депортес и Алијанс Лима, соопштија властите. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот за време на собир на навивачи познат како „бандеразо“, кога навивачите на Алијанс Лима мавтале со знамиња на стадионот познат како …
Continue Reading
„Не уживав во фудбалот додека Меси играше во ПСЖ“
Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими призна дека периодот поминат во соблекувалната со Лионел Меси во Пари Сен Жермен не му останал во добро сеќавање. Тој истакна дека не му се допаѓал начинот на кој клубот се однесувал кон Меси, бидејќи неговото доаѓање во голема мера го променило концептот на тимот. Со доаѓањето на Меси, целиот проект на Пари Сен Жермен се …
Continue Reading
„Граѓаните“ му понудија нов договор на Родри
Манчестер Сити му понуди нов договор на најдобриот играч во светот, во 2024 година, Родри. Според Фабрицио Романо, Реал Мадрид покажува сериозен интерес за 29-годишниот репрезентативец на Шпанија, што на „граѓаните“ не им се допаѓа и поради тоа одлучија да го спречат првиот потег на шпанскиот клуб. Доколку Родри ја одбие новата понуда, клубот од Манчестер сепак ќе бара голема …
Continue Reading
Алисон ќе ги пропушти дуелите со ПСЖ
Голманот на Ливерпул, Алисон, нема да игра во следните неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на шампионите на Англија, Арне Слот. Алисон (33) се повреди пред три недели, поради што не играше за Бразил на пријателските натпревари против Франција и Хрватска. „Алисон нема да биде дел од натпреварите против Пари Сен Жермен. Ќе биде надвор од терените …
Continue Reading