На Мбапе му недостигаат пет гола за да урне два неверојатни рекорди

Килијан Мбапе продолжува да го пишува своето име во историјата на фудбалот. Францускиот ас блеска и оваа сезона во дресот на Реал Мадрид, а за време на репрезентативната пауза постигна гол во победата на Франција над Азербејџан со 3-0. Со овој погодок, Мбапе стигна до бројката од 53 гола за репрезентацијата, и сега му недостигаат само пет за да го …

Continue Reading

Македонија подготвена за победа – Милевски и Димитриевски веруваат во триумф над Казахстан

Фудбалската репрезентација на Македонија го остави зад себе ремито со Белгија и веќе е насочена кон новиот предизвик. Утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода во квалификациите. Селекторот Благоја Милевски зрачи со оптимизам и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една силна пресметка. …

Continue Reading

Мала држава од Атлантикот е пред историски пласман на СП 2026, а билетите за најважниот меч се продаваат во пекарници

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови утре го игра својот клучен натпревар против Есватини, а победата ќе им донесе историски прв пласман на Светско првенство. Ова ќе биде првпат малата островска држава да се најде на најголемата фудбалска сцена. Со два бода предност пред второпласираниот Камерун, Зеленортските Острови се на одлична позиција да обезбедат директен пласман. Дури и во случај на …

Continue Reading

Билети за мечот Македонија – Казахстан утре ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека освен преку сајтот eticket.ffm.mk специјализиран за електронски билети за мечевите на националниот тим, билети за утрешниот меч со Казахстан ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје. Утре, на денот на натпреварот, од 10 до 17 часот ќе може да се купи билет за мечот Македонија – Казахстан …

Continue Reading

Македонија до 19 години убедливо ја победи Црна Гора на гости

Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2:4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции. Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф. Серијата голови …

Continue Reading

Винисиус: Анчелоти е најдобриот тренер што сум го имал во кариерата

Напаѓачот Винисиус Жуниор призна дека Карло Анчелоти е неговиот омилен тренер, иако Италијанецот го напушти Реал Мадрид пред пет месеци. Сега тие повторно соработуваат заедно во националниот тим на Бразил. 25-годишниот крилен играч има 201 натпревар под водство на Анчелоти – двојно повеќе отколку со Зидан. За Кралевите постигна 90 гола и 68 асистенции, а за Селесао во три натпревари …

Continue Reading

УЕФА подготвува нова револуција, ќе има промени во квалификациите за ЕП и за СП

Квалификациите за Светско и Европско првенство во фудбал би можеле да доживеат целосна промена. УЕФА размислува за воведување систем сличен на Лигата на шампионите, пишува британски „Тајмс“. Лига-шемата би овозможила повеќе големи натпревари, а помалите репрезентации сепак би имале шанса за дуели со силните селекции. Се размислува и за вклучување на Лигата на нации како дел од квалификациите. Генералните секретари …

Continue Reading

Влаховиќ: За мене е ова најтешкиот пораз во репрезентативната кариера

Напаѓачот Душан Влаховиќ ја коментираше тешкиот пораз на Србија од Албанија (0-1). Фудбалерот на Јувентус зборуваше отворено за емоциите по мечот. „Ова не е лесно. За мене е најтежок пораз од кога сум во репрезентацијата, и верувам дека другите момци се чувствуваат исто. Тежок ден, тешка вечер. Нема што друго да кажам“, изјави Влаховиќ. И покрај необичната, речиси „театрална“ атмосфера …

Continue Reading

Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона. Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција. „Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија. Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот. Шпанските …

Continue Reading