Шиков веќе не е дел од стричниот штаб на фудбалската репрезентација
Фудбалската федерација на Македонија информира дека Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на националниот тим. Селекторот Гоце Седлоски во наредниот период дополнително ќе одреди замена на неговата позиција. „Му благодариме на Ванче Шиков за досегашниот ангажман и придонесот во работата со националниот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, се вели во соопштението на ФФМ. …
Continue Reading
Нејмар го истепал синот на Робињо
Бразилската јавност ја шокира инцидентот што се случи на тренингот на Сантос. Во центарот на вниманието е најголемата ѕвезда, Нејмар. Славниот фудбалер, кој има 34 години, физички се пресметал со својот 18-годишен соиграч Робињо Жуниор, син на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо. Според достапните информации, Нејмар најпрвин му удрил клоца, а потоа му залепил шлаканица на младиот фудбалер, пишува бразилскиот „Глобо“. …
Continue Reading
„Роналдо го интересираа само жени и забави, Касано правеше само глупости“
Легендарниот Фабио Капело тренираше многу големи ѕвезди во својата богата кариера, а каде што има фудбалски ѕвезди, има и проблеми. Не му беше лесно како тренер на Реал, мораше да се справи со еден Роналдо, но како што откри, тој не бил единствениот „Галактикос“ што му задавал главоболки. „Берлускони еднаш ме повика и ме праша: Како е Роналдо? Му реков …
Continue Reading
(Видео) Винисиус со два гола ја одложи прославата на Барселона
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гости кај Еспањол (2:0), во натпреварот од 34-то коло на Ла Лига. Најзаслужен за победата беше Винисиус, кој постигна голови во 55-та и 66-та минута од натпреварот. Двата гола беа мајсторски. За 1:0, испрати во празно двајца противници, за 2:0 испрати вистински проектил зад грбот на Марко Дмитровиќ. Со овој триумф, Реал ја одложи …
Continue Reading
Интер ја врати шампионската титула на „Џузепе Меаца“
Фудбалерите на Интер се шампиони на Италија за сезоната 2025/26, откако ја победија Парма со 1:0 во натпреварот од 35-то коло од Серија А на стадионот „Џузепе Меаца“. Интер има 82 бода, на три кола до крајот на сезоната. Тоа е 12 повеќе од второпласираниот Наполи, шампионите од минатата сезона, со што го освоија своето 21-во Скудето, второ во претходните …
Continue Reading
Тотенхем избега од опасната зона
Фудбалерите на Тотенхем ја победија Астон Вила во Бирмингем (2:1), во натпреварот од 35-то коло од Премиер лигата. Со овој триумф, Спарс избегаа од опасната зона и сега се на 17-то место на табелата со 37 бода, имаат бод повеќе од Вест Хем. Астон Вила останува петта со 58 бода, а пласманот во Лигата на шампионите е речиси сигурен за …
Continue Reading
(Видео) Влаховиќ спречи пораз на Јувентус од Верона
Фудбалерите на Јувентус не успеаја да го победат тимот на Верона на домашен терен, кој одамна ги загуби сите шанси во борбата за опстанок. Душан Влаховиќ спречи уште поголемо изненадување, пораз на Јувентус. Натпреварот од 35-то коло од италијанската Серија А на стадионот „Алијанц“ во Торино заврши со резултат 1:1 (0:1). Претходно во текот на денот, Сасуоло приреди изненадување и …
Continue Reading
Чудо во Швајцарија: Влегоа во лигата и ја освои титулата, прва во 127 години
Неверојатен успех постигнаа фудбалерите на Тун, сезонава се најголемото изненадување во сите европски лиги. Тун, благодарение на поразот од второпласираниот Сент Гален против Сион (0:2), математички го обезбеди првото место во плејоф групата за титулата и пласман во Европа. Ден претходно, Тун претрпе втор последователен пораз во плејофот (против Базел), но досега собра доволно бодови и се оддалечи од своите …
Continue Reading
Еди Хау и наредната сезона ќе го води Њукасл
Англискиот стручњак Еди Хау ќе остане на позицијата менаџер на Њукасл и по завршувањето на тековната сезона, освен ако не се случи неочекуван пресврт, според британските медиуми. Според истите извори, 48-годишниот тренер ја има поддршката од сопственикот и раководството на клубот и ќе го води тимот и во сезоната 2026/27. Одлуката следеше по серија состаноци одржани оваа недела на кои …
Continue Reading