(Видео) Мектоминеј го запре Интер на „Џузепе Меаца“
Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од 20-то коло од Серија А. Нероаѕурите не го искористија вториот последователен неуспех на Милан, кој ремизираше со Фиорентина. Наполи ја прекина серијата од шест последовни победи во која се наоѓаше Интер. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра целиот натпревар, му аситираше на Скот Мектоминеј за првиот гол. Без …
Continue Reading
(Видео) Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија
Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2. Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па …
Continue Reading
Крај на сезоната за Конор Бредли
Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија. „Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран …
Continue Reading
(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1. Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер. Баерн поведе многу рано со автогол …
Continue Reading
(Видео) Нкунку спречи пораз на Милан во Фиренца
Фиорентина и Милан одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 20-то коло на Серија А. Милан против „виолетовите“, исто како и против Џенова во претходната рунда, успеа да се спаси од пораз во финишот на мечот. На „Артемио Франки“, екипата од Милано имаше и сојузник во пречата, тука заврши обидот на Брешанини в 94-та минута. Во првото полувреме, кое заврши без …
Continue Reading
(Видео) Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите
Нигерија се пласираше во полуфиналето на овогодинешниот Африкански куп на нации со победа од 2:0 против Алжир. Стрелци беа Виктор Осимен во 47-та минута и Акор Адамс во 57-та минута. Во полуфиналето, Нигерија ќе игра против домаќинот на турнирот, Мароко. Четвртфиналниот натпревар помеѓу Нигерија и Алжир, имаше и трето полувреме. Алжирците тешко се справија со елиминацијата. Додека Нигеријците го славеа …
Continue Reading
Уште еден тренер во Премиер лигата ќе остане без работа
Тотенхем целосно ја изгуби довербата во Томас Франк и се очекува наскоро да му врачи отказ. Поразот од Астон Вила и елиминацијата од ФА купот, ја прели чашата на „Вајт Харт Лејн, клупските челници се подготвени да го заменат Томас Франк, кој целосно потфрли откако го замени Ангелос Постекоглу. Под палката на Франк, Тотенхем забележа само 11 победи во 31 …
Continue Reading
Гундоган го убедува Силва да се пресели во Галатасарај
Галатасарај, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Истанбул, Бернардо Силва (31). Догороворт на Португалецот со Манчестер Сити истекува во јули, а познато е дека клубот нема да му понуди нов. Ова значи дека Бернардо веќе може да преговара со заинтересираните клубви. Галатасарај, преку Илкај Гундоган (35), стапил во контакт со Португалецот. Улогата на Илкај Гундоган …
Continue Reading
(Видео) Тим од шестата дивизија ги елиминираше шампионите на ФА Купот
Шестолигашот Маклсфилд, кој минатата сезона играше во седмиот ранг на англискиот фудбалски систем, го победи актуелниот освојувач на трофејот, Kристал Палас со 2:1 и го приреди најголемото изненадување во историјата на ФА Купот. Стрелците на головите Пол Досон и Исак Бакли беа хероите на домашниот тим. Шпанецот Јереми Пино постигна утешен гол за гостите во 90-та минута од слободен удар. …
Continue Reading