Манчини повторно ќе ја предводи Италија

Роберто Манчини е блиску до враќање на клупата на италијанската репрезентација, пишуваат италијанските инсајдери Џанлука Ди Марцио и Николо Скира. Според Скира, Италијанската фудбалска федерација подготвила договор за Манчини до 2030 година, вреден два милиони евра по сезона. Скира наведува дека Манчини е „на чекор“ од враќање на клупата на четирикратниот светски шампион. Според тие информации, планот е Манчини да …

Continue Reading

Јамал и Вилијамс се подготвени за Светското првенство

Шпанската фудбалска асоцијација објави дека Ламин Јамал ​​и Нико Вилијамс ќе бидат подготвени да се стават на располагање на репрезентацијата од првиот ден на Светското првенство. Селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека двајцата играчи кои се опоравуваа од повреди ќе бидат подготвени од почетокот на турнирот, односно од натпреварот против Зеленортските острови на 16 јуни. Де ла Фуенте објави …

Continue Reading

Емотивно СП за Дешан: Сè што прави, го прави за последен пат

Кога ќе заврши Светското првенство за Франција, ќе заврши и улогата на Дидие Дешан како селектор. Во 1998 година, Дидие Дешан стана светски шампион како капитен на Франција, а потоа во 2018 година стана третиот човек во историјата кој го достигна врвот на светот и како играч и како тренер. Претходно тоа им успеа на Марио Загало (Бразил) и Франц …

Continue Reading

Сè е подготвено за Светското првенство – Ова е распоредот на натпреварите

Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. На планетарната смотра прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации, поради што првата фаза ќе трае до 28 јуни. Погледнете го распоредот на натпреварите во групната фаза, со сатницата и местата на одигрување: 11 јуни: Мексико – Јужна Африка (21.00, Мексико …

Continue Reading

Весли отпадна, Анчелоти го повика Едерсон за СП

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, направи промена во листата за Мундијалот, поради повредата на Весли, тој го повика играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон. На последниот тест пред почетокот на Светското првенство, Бразил го победи Египет со 2:1, но Карло Анчелоти, но тој натпревар му донесе само грижи на Анчелоти. Десниот бек на Бразил, Весли, беше заменет во 17-та …

Continue Reading

Робин ван Перси доби отказ

Робин ван Перси, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, е отпуштен од тренерската позиција во Феенорд. На клупата тој мина 18 месеци. Ван Перси се врати во својот матичен клуб во февруари 2025 година, и покрај тоа што обезбеди место во Лигата на шампионите, си замина по сезона без освоен трофеј. 42-годишниот стручњак го водеше клубот во 58 натпревари, …

Continue Reading

Перез доби јасна порака: Олисе не е на продажба

Флорентино Перез убедливо го победи против кандидатот Енрике Рикелме на претседателските избори. Тој ќе го предводи Реал Мадрид до 2030 година. Перез, во првото обраќање на навивачите им ја вети 16-та титула европски првак и потврди дека Жозе Мурињо ќе го предводи тимот наредната сезона. Сега, Перез треба да исполни уште едно ветување. Да донесе голема ѕвезда во клубот. Пред …

Continue Reading

Перез ги доби изборите и потврди дека Мурињо ќе биде тренер на Реал

Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година. Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме. Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 …

Continue Reading

Дефибрилатор му го спаси животот на Ериксен

Драмата на натпреварот помеѓу Данска и Украина за среќа имаше позитивен исход. Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (34) се струполи во 65-та минута, но по десетминутна медицинска интервенција, стана и сам го напушти теренот, проследен со аплауз од трибините. Натпреварот заврши кратко потоа, во 79-та минута. Сцените потсетуваа на Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен доживеа срцев удар, и овој …

Continue Reading