Објавена програмата на 35. Поетска ноќ во Велестово
Годинешното 35-то јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 18-ти до 20-ти август на повеќе локации во Велестово и во Охрид, а учество ќе земат 30-ина поети и уметници од пет земји. Годинава во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока централниот настан ќе биде промоцијата на „Самодиви: …
Continue Reading
Две деца нападнати во Аеродром и во Карпош
Две малолетни лица биле нападнати во Скопје, во два одделни инциденти. Во првиот случај, мајка пријавила дека вчера околу 18.30 часот во парк на подрачјето на Аеродром нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно женско лице. Неколку часа подоцна, уште еден родител пријавил во полицијата напад врз неговиот син што се случил на подрачјето на Карпош. Момчето било нападнато …
Continue Reading
Млад скопјанец нападнат додека следел фудбалски натпревар
Деветнаесетгодишно момче од Скопје пријавило дека било нападнато додека следело фудбал на стадион во Гази Баба. Според информациите од полицијата, до нападот дошло вчера. „На 14.08.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје, С.Ѓ.(19) од Скопје пријавил дека на 13.08.2023 околу 17.20 часот, додека следел фудбалски натпревар на фудбалски стадион на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од А.Н..“, велат …
Continue Reading
Семејна драма во Ѓорче: маж ја натепал сестра си и ѝ се заканувал со нож
Маж ја нападнал својата сестра во семејниот дом во Ѓорче Петров и ѝ се заканувал со нож, соопшти полицијата. „На 14 август во 10.25 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот брат Д.С., кој ѝ се заканил со остар предмет“, објавија од МВР. Се …
Continue Reading
Алба донесе засилување од НБА
Американскиот кошаркар Стерлинг Браун е новото засилување на Алба од Берлин, објави клубот во вторникот. Дваесет и осумгодишниот Браун потпиша двегодишен договор со Алба. Во НБА, Браун играше за Милвоки, Хјустон, Далас и Лос Анџелес Лејкерс, а Алба е неговиот прв клуб во Европа. Американецот е петтото засилување на Алба пред новата сезона. Пред него во клубот пристигнаа Мет Томас, …
Continue Reading
Одговорен на синдикална организација во училиште во Лозово парите од чланарината си ги префрлал на сметка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од селото Сарамзалино, општина Лозово, поради злоупотреба на службената положба и овластување. „Пријавениот, во периодот од 19.10.2020 до 28.12.2020, додека бил одговорно лице на синдикална организација при основно училиште во Лозово, повеќе пати без покритие си префрлал пари собрани од членарина на синдикална организација на својата трансакциска …
Continue Reading
Патник нападнал и ограбил таксист во Струмица
Полицијата во Струмица поднесе кривична пријава против К.Ц.(20) од сeлото Василево, струмичко, поради разбојништво. „На 2 август, пријавениот со употреба на сила и со закана одзел пари од такси возач, кај кого претходно користел такси услуга“, велат од МВР во дневниот билтен.
Continue Reading
Досега изрекувале по околу седум години затвор, ова е најголема казна – Апелација со овие аргументи ја правда 10 години пониската казна за велешанецот кој усмрти дете
Анализата на досегашната казнена политика на Апелациониот суд Скопје покажува дека изречената казна затвор од осум години за сообраќајка со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која 18-годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела. – Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот …
Continue Reading
Здравство контра Беким Сали: Toj го одобрил приемот на амбулантите и исплатата за нив, да престане да манипулира
Беким Сали е последен што смее да каже било што за мандатот и неговата работа како Министер за здравство, а уште помалку да манипулира за случајот со модулатните амбуланти. Во својот краток мандат, Сали не реши ниту едно од отврените прашања поврзани со амбулантите, не изврши ниту една набавка за лекови навремено заради што страдаат пациентите и не остави ниту …
Continue Reading