Мицкоски: Целосно се реконструирани 6 операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
Во здравството се потребни голем дел фундаментални, структурни промени и во менталитетот на политичарите, но и во менталитетот на кадарот, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Целта, како што рече, е да се решава проблем по проблем, но за тоа според него, треба време, бидејќи не може да се среди сѐ и веднаш. „Истовремено, треба да се прават реформи, можеби и поинаков …
Continue Reading
СДС и ДУИ на Давидовиќ-Дака му продале државни објекти кај „ШИК Јелак“ во Тетово за четири пати пониска цена од проценетата вредност, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Изградбата на милионска бетонска џунгла на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака во Тетово, од која, најверојатно, СДС и ДУИ требаше да лапнат дел од колачот, ја спречи отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија. „На прорускиот бизнисмен Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, на местото на поранешниот гигант „ШИК Јелак“ во Тетово, Заев и Ахмети …
Continue Reading
Мицкоски: Нема да толерираме институти што го „осакатуваат“ образовниот систем
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека сите институти кои генерираат квалитет во високото образование треба да бидат спокојни, но нагласи дека државата повеќе нема да ги толерира оние што го „осакатуваат“ образовниот систем. Вчера министерката за образование и наука, Весна Јаневска, обелодени пример за приватен институт кој бил регистриран во задна просторија на обложувалница. При увидот на терен, комисијата на МОН …
Continue Reading
Буџетот е стабилен, засега не се планира зголемување на дефицитот, вели Мицкоски
И покрај економските предизвици и мерките за ублажување на кризата, Владата засега не планира зголемување на буџетскиот дефицит. Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека приходите во првиот квартал се во рамките на планираното, а фискалната политика останува насочена кон консолидација. Тој појасни дека буџетскиот дефицит во моментов е проектиран на 3,5 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), што е …
Continue Reading
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од ограничувања и покрај рекордната потрошувачка
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека состојбата со снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава е стабилна и дека нема потреба од ограничувања. Според Мицкоски, граѓаните и бизнисите не треба да стравуваат, бидејќи се обезбедени доволни количини на гориво. Воедно, тој посочи дека потрошувачката минатата недела достигнала рекордни два милиона литри дневно, од кои околу 75 проценти се дизел, а …
Continue Reading
Можно е укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со стапка од 5%, најави Мицкоски
Министерството за финансии прави анализи да немаат ДДВ сите основни прехранбени производи кои сега се со 5 проценти ДДВ, најави премиерот Мицкоски. Тој очекува инфлацијата во март да се движи помеѓу 4 и 5%. Оцени дека глобалната криза поради војната на Блискиот Исток ќе има продолжено дејство. „Мора да се подготвиме за тешка година, но како и да е тука …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: СДС и ДУИ во Тетово донесоа измени во ДУП со кои директно му овозможија бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака
На прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски обвини дека во 2020 година во Тетово биле донесени измени на деталниот урбанистички план со кои, како што рече, било овозможено реализирање на бизнис вреден 200 милиони евра. Според него, станува збор за просторот на поранешниот комбинат ШИК Јелак, кој бил откупен од Миодраг Давидовиќ преку фирмата „Јелак Градба“. Петрушевски тврдеше дека …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев ниту тогаш, ниту сега ги негираат снимките на кои Давидовиќ – Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште
Поврзаноста на владата на СДС под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски: Спасивме проект од пропаѓање, првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
Денес не зборуваме само за еден инфраструктурен проект. Денес зборуваме за нешто многу поголемо – за поврзување, за стабилност и за иднината на двете држави во рамките на европското енергетско семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски на поставувањето на камен темелник на 400 киловолтен далековод од ТС „Битола 2“. „Интерконективниот далекувод Битола–Елбасан не е обичен далекувод. Тој е симбол на една …
Continue Reading