Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани
Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум илјади помалку невработени. Односно, ако во третиот квартал минатата година имало околу 698 илјади вработени, сега има 705 илјади. Минатата година, во третиот квартал, имало 98.000 невработени, а сега има 91.000, што значи дека бројот на вработени и невработени пропорционално …
Continue Reading
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во земјата и кампањата на Венко Филипче за мигранти каде што потенцира дека мигрантски кампови нема да има, а дополнително и советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијативи до советите во општините, да гласаат документ дека мигрантски кампови на териториите на општините …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи
Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи и затоа Македонија се соочува со последици кои никогаш не смееле да се дозволат, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Оливер Спасовски не го одзел овластувањето на станицата за технички преглед во Сарај, иако имало официјален извештај со констатирани неправилности, тој не презел мерки во законскиот рок, туку …
Continue Reading
СДС се опозиција во Србија или во Македонија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Навистина сме вчудоневидени , СДС живее во паралелен универзум, денес тоа и се потврдува, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција за прес – конференцијата на Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ. „Генералниот секретар на СДС, денес на прес-конференција излезе и објаснуваше за тоа дека банка од Србија купила банка во Македонија. Повеќе од 10тина дена, СДС сака да продаде некаква приказна за …
Continue Reading
Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Во изминатиот период, сведоци сме на конструирање лаги, манипулации, скандали и вештачки теми, кои произлегуваат од СДС. За да го одвлече вниманието од сопствени проблеми, СДС на чело со Венко Филипче, се пушти на најјако во измислување лаги и манипулирање на јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа не е случајно и тоа сите го знаат. Наместо СДС да се исчисти од …
Continue Reading
ВЛЕН: Неконтролираните трошоци на ДУИ ја уништија општина Сарај
По повеќе од еден месец работа, вистината за тоа како беше уништена Општина Сарај сега е пред граѓаните., велат од ВЛЕН. „Близу 4 милиони евра долгови, сомнителни договори и нерегулирани трошоци се наследството што го пронајде градоначалникот Мухамед Елмази. Ова не е изолиран случај, туку модел на лошото владеење на ДУИ со години секаде каде што имало власт без контрола …
Continue Reading
„Вреди“: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар
Коалицијата „реди“ објавува дека на изборите за Општина Гостивар на 11 јануари, нивен кандидат за градоначалник ќе биде Невзат Бејта. „Одлуката доаѓа по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар, каде што Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните …
Continue Reading
(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи
„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани. Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали“, кажа Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Една …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ со осуда за синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“
„ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници. Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за кои како …
Continue Reading