Спасовски: Не размислувам за личните позиции, важно е државата да исчекори напред

Важно е државата да исчекори напред и да ги отвориме перспективите за граѓаните. Јас не размислувам за лични позиции, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на прашање дали би прифатил да биде министер доколку имаме Влада на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Спасовски е на ставот дека е потребно политичарите да покажат одговорност пред граѓаните и да …

Continue Reading

Ласовска: СДСМ и Ковачевски да одговорат кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат

Една недела по лидерската средба, а СДС уште нема став кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа. Помина една недела, а балонот на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени под бугарски диктат издиша. Јасно се гледа безидејноста на кираџиите на ДУИ. Наместо да ја препознаат шансата и подадената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие се однесуваат крајно недораснато во …

Continue Reading

Бесими: Усвоена новата Фискална стратегија 2024-2028

Продолжување на фискалната консолидација, постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и поттикнување на економската активност преку капитални расходи и инфраструктури инвестиции и подобрување на условите за водење бизнис и отворање нови работни места се очекуваните резултати од среднорочните проекции содржани во Фискалната стратегија на РС Македонија за период 2024-2028 година, што ја подготви Министерството за финансии, а …

Continue Reading

Алиу ќе даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска во Медија центарот на Владата ќе го презентира сработеното во изминатите 100 дена. Азир Алиу беше избран за министер за информатичко општество и администрација на 27 февруари годинава како кадар на Алијансата за Албанците по влегувањето на оваа партија во Владата.

Continue Reading

Спасовски и Вал ќе ја посетат единицата за службени кучиња во Хиподром

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, денеска ќе ја посетат Единицата за службени кучиња на МВР во Хиподром, каде ќе присуствуваат на свечено отворање на реконструираната административна зграда на Единицата К9. Како што информираат од МВР, Спасовски и Вал ќе направат увид во градежните активности финансирани од ОБСЕ, за …

Continue Reading

Власта подготвена да се откаже од премиерската функција ако опозицијата гласа за уставни измени

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната влада, брифираа вчера владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка влада, треба да биде Албанец. На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека немаат намера да учествуваат, како што …

Continue Reading

Зечевиќ: Ја охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ да остане на ставот, да застанеме рамо до рамо за европска иднина

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска од Гостивар, во рамки на партиските теренески активности „Рамо до рамо“, и порача на ВМРО-ДПМНЕ дека ја охрабрува да остане на променетиот став. -Да застанеме заедно, како ние што стоиме со народот рамо до рамо, така да бидеме рамо до рамо за европска иднина. Подолго време зборувам за потребата од обединување околу европскиот …

Continue Reading

Маричиќ: Одобрени 100 милиони евра европски средства за поддршка на државава

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информира дека одобрени се 100 милиони евра европски средства за Северна Македонија. – Ангажманот на ЕУ за Северна Македонија на дело, одобрени се 100 милиони евра европски средства. Денес Европската Унија и европските институции уште еднаш ја покажаа поддршката за нашата земја. Европратениците во Европскиот парламент со огромно мнозинство гласови го усвоија предлогот на …

Continue Reading

Костадиновска Стојчевска: Само со најавата за нов закон за македонскиот јазик се зголеми интересот за лиценцирање лектори

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во МРТ истакна дека предлог-законот за употреба на македонскиот јазик ќе предизвика низа позитивни реакции. Според неа овој закон ќе ја отслика реалната состојба на јазикот и ќе се регулира неговата правилна употреба. Текстот предвидува секоја инстутиција да вработи лектор, кој ќе ги лекторира сите документации на институциите. -Ќе се поттикне учениците …

Continue Reading