Зечевиќ: Ја охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ да остане на ставот, да застанеме рамо до рамо за европска иднина

zechevikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска од Гостивар, во рамки на партиските теренески активности „Рамо до рамо“, и порача на ВМРО-ДПМНЕ дека ја охрабрува да остане на променетиот став.







-Да застанеме заедно, како ние што стоиме со народот рамо до рамо, така да бидеме рамо до рамо за европска иднина. Подолго време зборувам за потребата од обединување околу европскиот пат и иднината на земјата. Зборувам за силата на заедништвото, но и за значењето за овој народ и оваа држава сега да успееме, да бидеме рамо до рамо со европските државотворни народи, да седиме на големата маса. Еве, дојде тоа време. Кога е земјата во прашање, иднината на народот, имаме обврска на тоа. Ја охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ да застанеме заедно, да ни се приклучат, како ние што стоиме рамо до рамо со народот, да бидеме рамо до рамо за европска иднина, рече Зечевиќ.

Се направи еден чекор напред, се случи средба на која се дојде до една точка и сега треба да се продолжи, да нема враќање назад, додаде Зечевиќ.

-Многу е важно да продолжиме со дијалогот на рамноправна основа. Променетиот став за уставни измени од страна на Мицкоски и ДПМНЕ е добро за земјата и тоа јас го поздравувам. Не треба сега да се враќаме назад. Ги охрабрувам во ВМРО-ДПМНЕ да останат на овој променет став и заедно да продолжиме по вистинскиот пат, рече Зечевиќ.

Во своето обраќање пред жителите на Гостивар Зечевиќ рече дека земјава е Европа во мало и дека македонскиот идентитет е гарантиран во ЕУ, а тоа дополнително ќе се реафирмира овие денови.

– Ние сме Европа во мало, со различни култури, религии, наследства, тие се наше богатство. Македонскиот идентитет е гарантиран во ЕУ и тоа ќе се реафирмира повторно. Овие денови една од највлијателните земји во Унијата, Германија, ќе донесе Резолуција за македонскиот идентитет. Добредојдени сме во ЕУ, со сета нашата македонска, јазична, идентитетска и културна посебност, исто како и сите наши сограѓани. Не смееме историската шанса да ја пропуштиме, сега е време да донесеме одлука заедно и да и се приклучиме кон Европа. Тоа е одлука со која сите ќе се гордееме денеска а најмногу нашите следни генерации, рече Зечевиќ.

На маалска средба со жителите на Гостивар во рамки на активностите на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“ заедно со Зечевиќ беше и претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески кој зборуваше за инвестициите во патната инфраструктура.

-Инвестираме во квалитетна патна инфраструктура, Македонија да биде главна крстосница на Балканот. По 30 години зборување конечно започнаа да се градат коридорите 8 и 10 Д. Освен полесно движење, поголема безбедност и подоброто поврзување, изградбата на коридорите носи бројни економски придобивки. Се поврзуваме уште на две пристаништата во Драч и Буграс, а самата изградба ќе донесе најмалку 600 милиони евра за домашните компании, нови 8.000 работни места, како и раст од 2 отсто годишно на БДП, рече Трајчулески.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK