Влен: Ослободувањето од притвор на Артан Груби и Перпарим Бајрами е невиден скандал и отворено исмевање со државните институции

„Ослободувањето од притвор на Артан Груби и Перпарим Бајрами претставува невиден скандал и отворено исмевање со државните институции“, велат од Влен. „Денес кога јавноста е во шок од информацијата дека еден млад човек во своите триесетти години, кому првото вработување му е токму во Државна лотарија, ја купи својата слобода со гаранција во вредност од над еден милион евра, додека …

Continue Reading

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември најавени три нови производни капацитети

Премиерот Христијан Мицкоски, соопшти дека компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, а за декември најави и три нови производни капацитети со потенцијал за отворање повеќе од 1.000 работни места. Мицкоски информираше дека „Гересхајмер“ досега реализирала две инвестиции во земјава во вкупна вредност од околу 120 милиони евра и вработува околу 300 лица. „Нивната амбиција е нова, дополнителна инвестиција на …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и „Алта банка“, создаваат терен, бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума

Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и „Алта банка“, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена. Откриен е планот на Филипче и СДС, кажа на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. „Тоа што со месеци го правеа не беше поради некаков српски свет, туку поради бизнис интереси на Филипче …

Continue Reading

Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со „Алта банка“, велат од „Вреди“

Оваа недела во регионот се затвори едно поглавје. На 25 октомври Александар Вучиќ ги изгуби изборите во Србија. Шест дена подоцна, Народната банка на Србија ја одзеде дозволата на „Алта банка“, банката на неговиот близок соработник Давор Мацура, истакнуваат од „Вреди“. „Денес сакаме да кажеме две работи јасно: Прво: проектите на Вучиќ во Македонија доаѓаа со поддршка од ДУИ. ДУИ …

Continue Reading

Митева: Изјавите дека на жените им е потребен „машки надзор“ се понижувачки

Со згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“. Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество, вели претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа вели дека да се зборува за жената како за личност …

Continue Reading

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави продлабочување на економската соработка со Германија со цел, како што кажа повеќе инвестиции и повисок БДП. „Денеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. Денот го започнавме со состаноци во рамките на компанијата Германски Телеком, којашто е присутна и кај нас, на македонскиот пазар, неколку децении. Она коешто денеска го разговаравме со …

Continue Reading

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната трансформација и технолошки развој се стратешки приоритети на Владата 

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ го обвини коалицискиот партнер ВРЕДИ дека бил „тројански коњ“ за ДУИ во Брвеница, ВРЕДИ, пак, вели: Никој не е сопственик на гласовите

ВМРО-ДПМНЕ го впери прстот кон својот коалиционен партнер ВРЕДИ по изборниот пораз во Брвеница, обвинувајќи го дека дејствувал во корист на ДУИ. Од ВРЕДИ, пак, децидни се дека ниту една политичка партија не може да ги контролира гласовите на граѓаните и дека нивната волја мора да се почитува. Во соопштението по вториот круг од предвремените локални избори, ВМРО-ДПМНЕ го обвини …

Continue Reading

(Видео) Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните

Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни, вели Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ Герасимовски додава таа, треба …

Continue Reading