Меџити: Нема недостиг на „амоксиклав“ во земјава

Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека во земјава нема недостиг на лекот „Амоксиклав“. – Некој кажал дека нема, тоа можеби е индивидуално. Во регионалните земји го има, можеби тие имале некои резерви. Се слушнав со директорот на „МАЛМЕД“, во моментов не постои таков проблем. Снабдени сме со „амоксиклав“ и го има во моментов, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Continue Reading

Маричиќ: Поглавјето 20 ја отвора вратата на пазарот на ЕУ за македонските компании

Фокусот на Владата е насоченa кон усогласување со пазарот на ЕУ, кој се карактеризира со конкуренција и иновации, како и на политички мерки и инструменти за намалување на последиците од енергетската криза, кои забрзаа неколку реформски процеси, изјави денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во своето воведно излагање на билатералната скрининг агенда Поглавје 20 – „Претпријатија …

Continue Reading

Пендаровски на МЕФ 2023: Повеќе домашни извори на енергија и вклучување во регионалните иницијативи

Мора да се работи на тоа да имаме што повеќе домашни извори на енергија со оглед дека сме се уште увозно зависна држава, а преку регионалните иницијативи да влегуваме на пошироките енергетски пазари, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на Македонскиот енергетски форум МЕФ 2023 година. Како држава која е високо зависна од увоз на енергија, истакна Пендаровски, добро е да …

Continue Reading

Отворениот кабинет на Спасовски почнува на 5 јуни во СВР Штип

Од петти јуни ќе почне да се спроведува новиот проект на Министерството за внатрешни работи „Отворен кабинет“, во рамки на утврдениот концепт „МВР за граѓаните“. Проектот ќе се реализира со неделна диманика во наредните два месеца. – Ако имате прашање за министерот, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог за подобрување на севкупното работење на полицијата, а притоа …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски на Форум на Глобсек 2023 во Братислава, средби со фон дер Лајен и Макрон

Премиерот Димитар Ковачевски учествува на Глобалниот безбедносен форум на Глобсек 2023 во Братислава, каде ќе се обрати на панел сесија на тема „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“, на кој во фокус на дискусиите ќе биде регионалната соработка, интеграцијата на регионот во ЕУ и предизвиците за Европа од војната во Украина. Во рамки на агендата, Ковачевски денеска ќе одржи …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски учествува на Безбедносниот форум Глобсек 2023 во Братислава

Премиерот Димитар Ковачевски учествува на Глобалниот безбедносен форум Глобсек 2023 во Братислава. Предвидено е Ковачевски да се обрати на панел сесија на тема „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“ на кој во фокус на дискусиите ќе биде регионалната соработка, интеграцијата на регионот во ЕУ и предизвиците за Европа од војната во Украина. Најавено е на маргините на собирот, Ковачевски …

Continue Reading

Маричиќ: ЕУ интеграцијата е пат кој одговорно и свесно го избраа македонските граѓани

– Европската интеграцијата е пат кој свесно и одговорно го бираме, бидејќи тоа е потребно за стабилност и прогрес на државата, за видливи реформи на внатрешен план, кои ќе дадат позитивна трансформација на македонското општество, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, кој во рамки на официјалната посета на Брисел, се сретна со европратениците од групата на Прогресивна …

Continue Reading

Директорот на БЈБ Тасевски на конференцијата „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ што се одржува во Италија

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски денеска учествуваше на завршната конференција на ИПА 2019 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ во Италија на која што, во организација на ЕУ, италијанското МВР и Германската агенција за меѓународна соработка, учествуваа шефовите на полициите на земјите од Западен Балкан. – Општо прифатен факт е дека прекуграничниот криминал …

Continue Reading

Бектеши: И покрај енергетската криза засилено инвестираме во енергетска транзиција и регионално енергетско поврзување

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот панел „Политики и технологии кон декарбонизација“ на годинешниот МЕФ 2023 форум, истакна дека и Република Македонија, исто како и остатокот од Европа го почувствува силно негативното влијание од војната во Украина врз енергетскиот сектор, што предизвика пораст на цените на природниот гас поради нарушувањето на снабдувањето со природен гас од Русија. – Но, …

Continue Reading