Ангелова: Буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите

На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите. „Буџетот не е само финансиски план, ниту табела со бројки, тој претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и кон институциите. Буџетот за 2026 година е документ што …

Continue Reading

Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ кој истакна дека буџетот е изготвен врз основа на реални економски показатели и дека проекциите на приходната страна се остварливи. Станковиќ посочи дека растот на планираните приходи е резултат на подобрена наплата на царини и концесии како и на позитивните трендови кај активните мерки за вработување. …

Continue Reading

Јамалов: Буџетот за 2026 година е буџет на развој, солидарност и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

На денешната седница во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста …

Continue Reading

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. Тие побараа правда, одговорност и од актуелни функционери и вработени во институциите, системски измени за да не се повтори таква трагедија и психолошка и финансиска помош за семејствата на ист начин како што државата постапила по трагедијата …

Continue Reading

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за мигранти. Вели дека додека тој е премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти во земјава. „Додека јас сум премиер, додека јас сум претседател на оваа влада, нема да никне ниту еден шатор во кој што ќе бидат …

Continue Reading

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот побараа изземање на претседавачот Димитар Апасиев од Левица. „Колега Апасиев, дозволете ми да ви посочам дека денешното постапување на постојаната анкетна комисија за човекови права е регулирано со Законот за постапување по поднесоци и претставки, каде во членот 10 …

Continue Reading

Манасиевски: Вториот стожер на стратегијата „Македонија 2030“ е економска конкурентност и нов модел на раст

Вториот стожер на Стратегијата Македонија 2030 е економска конкурентност и нов модел на раст, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Стратегијата „Ново поглавје – Македонија 2030“ поставува јасна цел за создавање на модерна и просперитетна држава што се потпира на работа, знаење и стабилни институции. Нашата економија мора да премине кон систем што создава вредност, а не зависност. …

Continue Reading

СДС ако има докази за незаконски постапки нека поднесе пријава до Коцевски кој жилаво го брани Филипче од одговорност за милионски криминал, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Спиновите на СДС и хистеријата за наводен криминал не поминува. СДС во очај од своите егзистенцијални проблеми почна да конструира наводни скандали за некакви тендери, постапки кои се согласно закон“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Секоја фирма и компанија во државава кои ги исполнува условите и критериумите има право да учествува на постапки за јавни набавки, а на крај …

Continue Reading

СДС се однесува како ,,куче што лае, ама не каса”, очајот и безидејноста стигнаа до плафон, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Партијата СДС, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу други да не ги набројуваме ќе ни треба цел ден, истиве преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Па еве по 100-ти пат да им објасниме. …

Continue Reading