Утврден предлогот за измена и дополнување на Законот за ДДВ

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за финансии, го утврди текстот на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, соопшти владината прес-служба. Со предлог измените и дополнувањата на Законот, како што е образложено од ресорното министерство, се следат измените на Директивата на Европската Унија со којашто се уредува данокот на додадена вредност. …

Continue Reading

Маричиќ-Брукс: Интеграцијата во ЕУ како влог во траен мир, просперитет и стабилност на цел регион и на Европа

Интеграцијата во ЕУ како влог во траен мир, просперитет и стабилност на цел регион и на Европа, било во фокусот на средбата на вицпремиерот Бојан Маричиќ со Робин Брукс, специјална советничка за Европа на потпреседателката на САД, Камала Харис. -Разговаравме за отворените иницијативи и планови околу политиката на проширување на ЕУ, за потребата од видливи резултати и извесност на европската …

Continue Reading

Маричиќ: Помирувањето и соочувањето со минатото дава надеж за подобра и европска иднина на регионот

Помирувањето и соочувањето со минатото дава надеж за подобра и европска иднина на регионот. И по 28 години од геноцидот во Сребреница пораката е јасна: Мирот како вредност вреди да го чуваме, бидејќи тој е основа за стабилност и просперитетна иднина, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод сеќавање на геноцидот што се случи пред 28 години во …

Continue Reading

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ги усвои предложените мерки за поддршка на производителите на јачмен, пченица и ориз. Како што информираат од Министерството овие мерки се подготвени во консултации со подсекторската група за жито. -Со измени на Уредбата за директни плаќања креираме мерка, дополнителна субвенција, за остварено производство на јачмен во вредност …

Continue Reading

Пендаровски ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на Македонија. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, претседателот ја поздрави посетата на специјалната известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, којашто е фокусирана на активностите коишто ги презема Македонија со цел репатријација, гонење, …

Continue Reading

Ковачевски на првиот состанок на Северноатлантскиот совет: Самитот на НАТО уникатна можност да ја покажеме силата и обединетоста во однос на нашите тековни и идни задачи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Вилнус на првиот ден од Самитот на НАТО учествува на првата сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади. -Го започнавме првиот состанок на Северноатлантскиот совет, на кој разговараме за стратегиски концепт за унапредување на одбранбените капацитети и за модернизација на одбраната. Тема на состанокот е и зајакнувањето …

Continue Reading

Спасовски: Геноцидот во Сребреница претставува пораз на високите цивилизациски вредности

„Никогаш да не се повтори!“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил потсетувајќи дека денеска одбележуваме 28 години од едно од најголемите злосторства против човештвото, против слободниот демократски свет – геноцидот над цивилно население во Сребреница, Босна и Херцеговина, во кој беа убиени над 8.000 луѓе. – Како држава сме ориентирани кон европските идеали на соживот, …

Continue Reading

Влада: Расте довербата на бизнисот во институциите, годинава рекордни 432 апликации на компании за поддршка на инвестиции

Оваа година има рекорден број апликации од компании за државна поддршка за инвестиции, соопшти Владата. Тоa значи, како што наведува, дека расне довербата на бизнисот во институциите. Според Владата, годинава има рекордни 432 апликации за нови инвестициски проекти на исто толку компании. На денешната владина седница беше одобрена првата група од 82 договора, а останатите се во процес на евалуација …

Continue Reading

Средба на претседателот на Собранието Џафери со министерка за надворешни работи и за култура на Индија Леки

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска остварил средба со Менакаши Леки, државната министерка за надворешни работи и за култура на Индија и пратеничка во Долниот дом (Лок Саба) на Парламентот на Индија. – Билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Индија ги карактеризира пријателство, меѓусебно разбирање и подготвеност за унапредување на соработката, особено преку комплетирање …

Continue Reading