Османи: ОБСЕ продолжува со мисијата наспроти сите предизвици

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го отвори министерскиот совет на ОБСЕ и им посака добредојде на гостите во Скопје, опишувајќи го како град кој претставува крстосница на културите и цивилизациите. Османи на почетокот на обраќањето потсети на скопскиот земјотрес од 1963 година, кога светот се сплоти за обнова на градот во големата катастрофа. Како претставач со ОБСЕ, Османи истакна …

Continue Reading

Ковачевски: Војната во Украина продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ

Премиерот Димитар Ковачевски го отвори министерскиот совет на ОБСЕ, констатирајќи дека Северна Македонија го презела претседавањето во период во кој тешко кој можел да предвиди дека ќе има турбуленции и предизвици од овој обем, како во однос на геополитичкиот контекст и ескалацијата на безбедносните предизвици, така и во однос на функционалноста и иднината на самата организација. „Воената агресија на Русија …

Continue Reading

(Видео) Ковачевски – О’Брајан: Северна Македонија е пред клучен момент да ги осигура европските перспективи

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска одржа тет-а-тет средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. По тет-а-тет средбата, се одржа и билатерална средба, на којашто присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација …

Continue Reading

СДСМ: Блинкен и Борел од Скопје изразија силна поддршка за продолжување на европскиот пат

Силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата и пристапните преговори упатија од Скопје највисоките претставници на меѓународната заедница, американскиот државен секретар Антони Блинкен и претседателот на Европската комисија Жосеп Борел, велат од СДСМ утрово по вчерашните билатерални состаноци на премиерот Ковачевски со лидерите на маргините на самитот на ОБСЕ. „Евроинтеграцијата е процес кој е почнат и нема да …

Continue Reading

Тренчевска: Работиме на менталното здравје со младите за младите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчавска се сретна со Претседателот на младински совет на Македонија, Филип Ивковски и програмската менаџерка, Александра Филипова . На средбата беше претставена Стратегија за ментално здравје кај млади изработена од страна на НМСМ. За време на средбата претставниците на НМСМ ги претставија нивните намери и уверувања за важноста на менталното здравје кај младите …

Continue Reading

(Видео) Маркоска: ДПМНЕ да не бега, веднаш да закажат седница на Комисијата за Онкологија

„Трет ден ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи бегаат, откако направија срамна злоупотребата на Анкетната комисија. Бараме веднаш да се закаже седницата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија. ДПМНЕ не може да побегне од вистината. ДПМНЕ не може да побегне од јавноста“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ. „Ваков скандалозен однос не заслужуваат граѓаните, македонското Собрание, пациентите од Онкологија. Јавноста …

Continue Reading

„Мизрахи да си даде оставка и да свика седница на Анкетната за Онкологија“, бара СДСМ

„Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи“, велат од СДСМ. „ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните. …

Continue Reading

СДСМ: Нови мерки вредни 662 милиони евра за учениците, студентите, пензионерите, ранливите

„Владата предводена од СДСМ обезбедува таргетирана конкретна поддршка за ранливите категории граѓани, за учениците, студентите, за пензионерите, граѓаните- корисници на социјална помош, граѓаните со посебни потреби, самохраните родители, домаќинствата со ниски приходи, земјоделците, како и поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција“, вели СДСМ. „Новиот деветти пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за …

Continue Reading

Николовски: Даваме рекордна поддршка за малите производители на храна вредна 1,2 милиони евра, поддржувајќи го развојот на 133 мали производители

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ги додели 133 договори, со вкупна вредност од над 1.2 милиони евра, поддршка во набавка на опрема за производство на малите производители на храна од неживотинско потекло. Преку овие договори се поддржува развојот и модернизацијата на најразлични традиционални производства. Опрема за производство на маџун, разни слатка и мармалад, ладно цедено масло …

Continue Reading