Ковачевски: СДСМ е автомобил којшто вози до Вашингтон и Брисел

СДСМ е кола којашто вози во Вашингтон и Брисел, од друга страна кај ДПМНЕ што имате, имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. -Ако погледнете во годините наназад ние ветивме интеграција на државата во НАТО, испорачавме. Споредете го тоа со една …

Continue Reading

Ковачевски: Можам само да ја потврдам изјава на О Брајан за Мицкоски

Нема да ја коментирам изјавата на О Брајан, ќе ја потврдам, кога некој ви нуди нешто што не сте виделе и врз основа на тоа сака да го добие вашето внимание и вашиот глас, тогаш тоа е една голема лага, рече премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање денеска при работната посетата на Македонски Брод. -Нивната теза е дека …

Continue Reading

Ковачевски вели дека не постои расположение сега да се укине техничката владата, туку од следните избори

Не постои консензуално расположение сега на краток период пред одржување на изборите да се укине техничката влада. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарски прашања, притоа навестувајќи ја можноста тоа да биде направено од следните избори. „Техничка влада е донесена како резултат на лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, таа се донесе во тешки услови за државата. Од она …

Continue Reading

Ковачевски: Ја поддржуваме наменската индустрија, активно придонесуваме во колективниот систем за одбрана на НАТО

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, беше во посета на фабриката за производство на малокалибарска муниција „АТС АММО“ во Самоков. Премиерот Ковачевски посочи дека „АТС АММО“ е единствената македонска фабрика во земјава за производство на малокалибарска муниција „АТС АММО“, …

Continue Reading

(Видео) Николовски: Со СДСМ евтина тарифа на струјата и субвенционирање на сметките до 90 отсто

Над 1000 денари заштеда на месечната сметка за струја за домаќинствата, ќе донесе дневната евтина тарифа што втор ден е на сила, изјави Дарио Николовски од СДСМ на прес-конференција. Според него, враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во период на зима. „Мерката е воведена за сите, но најмногу за оние кои …

Continue Reading

Спасовски: Неопходно e континуирано да градиме отпорност, капацитети и способности за одговор на хибридните закани

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на регионалната конференција „Европска безбедност: Како да се искористи новиот моментум за проширување на ЕУ на Западен Балкан?”, во рамки на сесијата „Моментална геополитичка состојба- импликации за Западниот Балкан“ . Истакнувајќи дека во моментов безбедносната состојба е стабилна и како Министерство за внатрешни работи будно се следат сите случувања, Спасовски рече дека …

Continue Reading

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните

„Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги. Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%. Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ им наплаќаат поскапи комунални услуги, вода и …

Continue Reading

СДСМ: Со мерката за евтина тарифа едно семејство заштедува 1.000 денари месечно

„Енергетските политики и мерки на Владата предводена од СДСМ овозможија враќање на евтината тарифа на електричната енергија за домаќинствата. Евтина електрична енергија има секој ден вкупно 11 часа и тоа од 13:00 до 15:00 часот. Останува евтината струја секој ден од 22:00 до 07:00 часот, додека во неделите е на сила цело деноноќие. Ова значи просечна заштеда над 1.000 денари …

Continue Reading

Ковачевски: Градиме модерна држава, Македонија е веќе фактор на стабилност

„Успеавме да ја изградиме Северна Македонија во фактор на стабилноста и безбедноста во регионот. Владата која ја предводам ја избра опцијата на интеграција, а не изолација. Одбравме да бидеме дел од безмалку една милијарда луѓе, кои живеат со заеднички демократски вредности и се грижат за светскиот мир како дел од воено-политички сојуз кој на светската сцена е супериорна, силна и …

Continue Reading