Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан од новинарите како ги коментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека МВР предоцна ја започнало истрагата за двојното убиство. „Тоа се политиканства од најдолен вид што ги преземаат такви екстремни десничарски кругови. Не посакувам сите да …

Continue Reading

Искористувањето на позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти: Маричиќ и Османи од Брисел

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ заедно со Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу – Халили, денес престојуваат во Брисел на последните билатерални скрининг состаноци за поглавје 31 „Заедничката надворешна и безбедносна политика„ …

Continue Reading

Бочварски: Нашите политики во делот на авиосообраќајот веќе ги даваат посакуваните резултати

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски присуствуваше на Конференција посветена на започнување на твининг проектот за подобрување на капацитетите и зголемување на безбедноста во цивилната авијација, во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Во своето обраќање тој потенцираше дека воздухопловството во Република Северна Македонија е високо на агендата на Владата и во таа насока се преземаат значајни мерки преку …

Continue Reading

„ДПМНЕ сакаат да профитираат врз трагедија и човечките жртви“, вели СДСМ

„Изопачена потреба за политизација на жртви, нема грам човечност кај ДПМНЕ и Мицкоски. Додека цела Македонија жали, а институциите целосно го расветлија случајот, ДПМНЕ сакаат да профитираат врз трагедија и човечките жртви“, велат од СДСМ. „Кај ДПМНЕ и Мицкоски нема грам човечност. Имаат изопачена потреба за политизација на жртви. Најмалку што може и што треба да направат ДПМНЕ и Левица …

Continue Reading

СДСМ формира европски фронт за европски животен стандард и европски вредности

СДСМ почна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ. „Европски фронт за европски стандарди и европски вредности, за подобар, достоинствен живот дома, со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, подобар животен стандард, подобро образование, здравство, социјална сигурност, владеење на правото и унапредена демократија. СДСМ ги повикува …

Continue Reading

(Видео) Костовски: Изопачена е потребата трагичниот настан да се злоупотребува за политички поени

Додека цела Македонија жали а институциите целосно го расветлија случајот, ДПМНЕ и Левица сакаа да профитираат врз трагедија и човечките жртви. За жал ова не е прв пат, изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, одговарајќи на новинарски прашања. Тој рече дека очигледно опозициските партии имаат изопачени некрофилски разбирања за политиката, па прaшањето е дали има грам човечност во ДПМНЕ и …

Continue Reading

Пенов: Финансиравме 135 проекти за подобрување на патната и комуналната инфраструктура

Годинава ја одбележа и скринингот од Европската комисија и во областа на локалната самоуправа, а оценката упатува на потребата од подобрување на јавните услуги на локално ниво, што кореспондира и со мислењето на граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на Министерството за локална самоуправа и УНДП. -Оваа конференција …

Continue Reading

Ковачевски ја поздрави меѓународната поддршка која ја доби МВР во расчистувањето на грозоморните убиства

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел, каде е во работна посета, на завршната сесија на скринингот на Северна Македонија, во контекст на важноста на меѓународната соработка која земјата ја има со партнерите од ЕУ и со земјите од регионот и пошироко, ја поздрави меѓународната поддршка која ја доби МВР на Северна Македонија во лишувањето од слобода на првоосомничениот за грозоморното …

Continue Reading

Градоначалникот на Карбинци да се извини што ширеше паника со неточни информации, велат од СДСМ

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов да се извини што ширеше паника со неточни информации, за наводен обид за киднапирање двајца ученици пред основно училиште во општината, велат од СДСМ. „Јавноста е во шок поради грозоморниот случај со убиствата во Скопје и Велес и неодговорно е да се шират шпекулации и да се прават обиди за политизација“, велат од СДСМ. …

Continue Reading