СДСМ: Време е за глас за ЕУ, за повеќе можности за младите

СДСМ во изминатите години низ одговорен, инклузивен процес реализиараше низа мерки што значат подобар живот за младите. Успеавме да ја намалиме драстрично младинската невработеност, преку Гаранцијата за млади, преку Оперативниот план за вработување, но и преку доделување грантови за млади претприемачи и млади земјоделци. Инвестираме и во студентскиот стандард, ги зголемивме студентските стипендии и воведовме за првпат субвенциониран студентски оброк …

Continue Reading

Османи – Сулеименова: Меѓурегионалната соработка ќе придонесе кон намалување на последиците од климатските промени во Европа и Централна Азија

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска, во Астана, во рамки на посетата на Централна Азија, заедно со специјалниот претставник за животна средина на ОБСЕ претседавањето, Насер Нуредини, се сретнаа со министерката за екологија и природни ресурси на Казахстан, Зулфија Сулеименова. Како што соопшти МНР, Османи на средбата истакнал дека заложбите на Казахстан во заштитата на …

Continue Reading

Спасовски: Корупцијата во првите шест месеци од годинава намалена за 22 отсто

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук наведе дека корупцијата во првите шест месеци од годинава е намалена за 22 отсто, во споредба со 2022. Спасовски наведува дека досега имало 47 кривични дела, кривично пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари. -Злоупотребите на службена положба со коруптивни елементи–26, несовесно работење–девет кривични дела, примање поткуп–шест, …

Continue Reading

Османи-Нуртлеу: Македонија и Казахстан имаат одлична билатерaлна соработка, вклучително и во ОБСЕ

Централна Азија и Казахстан се соочуваат со повеќе безбедносни предизвици. Ситуацијата во Авганистан резултира со силни влијанија врз целиот регион, но ОБСЕ продолжува да ги поддржува земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку сеопфатен пакет проекти за ублажување на ризиците. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференцијата со неговиот колега од Казахстан, …

Continue Reading

Телефонски разговори на Османи со Бајрамов и Мирзојан: Преку конструктивен дијалог да се стабилизира состојбата околу Лачин коридорот

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денеска, непосредно при неговото пристигнување во Астана, што е дел од неговата централно азиска турнеја, поради сензитивноста што се случува во Лачин Коридорот и потребата за итно реагирање, имал два одделни телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Азербејџан и на Ерменија, Џејхун Бајрамов и Арарат Мирзојан. Османи, соопштија …

Continue Reading

Претседавачот со ОБСЕ Османи утре во Казахстан на средби со државниот врв и со граѓанските организации

Во рамки на посетата на Централна Азија во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во Астана, Казахстан каде ќе има средби со државниот врв. Како што соопшти МНР, Османи ќе се сретне со шефот на државата Касим Јомарт Токајев и со вицепремиерот и министер за надворешни работи Мурат Нуртлеу, со кого ќе …

Continue Reading

Богоев: Ќе растат платите, но и продуктивноста во Царината, очекувам ефективни заплени и повеќе приходи во Буџетот

 – Усогласување на Колективниот договор со законот и со општиот колективен договор што ќе значи и зголемување на платите на царинските службеници, како и изготвување на заеднички план за борба против корупцијата со Синдикатите, најави денеска директорот на Царинската управа Стефан Богоев. Во гостување на ТВ 21 Богоев посочи дека царинските службеници треба да добиваат 30 проценти додаток поради посебните …

Continue Reading

Маричиќ: Успехот е во обединетоста и одлучноста за членство во ЕУ, не е време за партиски изговори

 – Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ за Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, смета дека е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината …

Continue Reading

Османи – Нарбаева: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност

Со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ја почна посетата на Централна Азија. Во фокус на средбата Османи – Нарбаева, како што соопшти МНР, беше улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, што воедно е и еден од …

Continue Reading