Пендаровски во Македонски Брод: Гласајте за претседател кој нема да ве дели на ваши и наши, вие сте сите мои

Третиот ден од кампањата кандидатот за претседател Стево Пендаровски го започна со средба со граѓаните на Македонски Брод. Пред присутните Пендаровски се заблагодари за поддршката што тој ја добива не само денес, туку и во изминатите 10 години. Потсети дека во првиот мандат бил претседател на сите граѓани без притоа никого да не привилегира. „Без разлика дали некој доаѓал од …

Continue Reading

Ковачевски: Се грижиме за пензионерите, 30.000 денари просечна и 20.000 денари минимална пензија во новиот мандат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска со пензионерите од општина Карпош, разговараше за досегашните и идните мерки од програмата на СДСМ за пензионерите, како и за предлозите и прашањата што се од нивен интерес. На средбата,Ковачевски посочи дека во зиминатите 7 години, СДСМ во комуникација со Сојузот на здруженија на пензионери креираше повеќе мерки за секој пензионер …

Continue Reading

Пендаровски го демантира Стоилковски: За клеветите ќе следува тужба

Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење. Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности …

Continue Reading

Османи: Квоти и младите да бидат на листите за пратеници

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи, денеска имаше разговор со младите од Тетово на тема: „Задржување на младите во државата“. Османи ја сподели визијата за иднината, нагласувајќи го зајакнувањето на младинските политики кон перспективите и напредокот. „Младите со поинакво разбирање за технолошкиот развој на светот, да бидат дел од дизајнот и архитектите на државните политики за иднината на …

Continue Reading

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

На почеток на кампањата за претседателските избори се потврдувата две суштински работи, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Дарко Каевски. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа, како и дека дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите. Според Каевски, Мицкоски …

Continue Reading

СДСМ: Даштевски од ДИК на партиски документи на ДПМНЕ е потенцијално кривично дело

Скандалот со лажните анкети од оперативниот план на ДПМНЕ, со вмешаност на државната телевизија, нејзиниот генерален директор, општините под капата на ДПМНЕ, отвора уште една димензија на злоупотреби. Во документите на ДПМНЕ меѓу задолжените лица за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список е наведен претседателот на ДИК Александар Даштевски, велат преку соопштение од СДСМ. Од СДСМ додаваат дека претседател на ДИК, …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски го загуби ТВ дуелот со Ковачевски, затоа е нервозата во ДПМНЕ

Христијан Мицкоски го загуби ТВ дуелот со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Се покажа дека Мицкоски нема план за иднината, дека нема промена во ДПМНЕ, велат од СДСМ. -Претседателот Ковачевски доминираше на ТВ дуелот. Аргументирано ја претстави јасната визија и план за европска иднина, за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година, како и клучните столбови на …

Continue Reading

Пендаровски од Штип: Зад моето име нема криминал, корупција или наместени тендери и затоа повторно ја барам довербата од вас

Вчеравечер, на вториот ден од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски зборуваше пред граѓаните на Штип. Истакнувајќи дека во текот на кампањата сите граѓани ќе бидат исправени пред истата дилема како пред 10 или 20 години, односно дали да им дадат доверба на квази патриотите или на оние кои покажаа дека знаат како да ги штитат државните интереси на …

Continue Reading

Османи во Студеничани: Планирајте ја иднината овде, а не во странство

Караванот на Европскиот фронт предводен од кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи денеска пристигна во општина Студеничани, каде во Батинце, Моране и Долно Количани, се сретна со граѓаните од оваа област и одблиску се информираше за потребите, но и за прашањата што ги засегаат. „Мило ми е што сите заедници се собраа. Горд сум што мојата генерација го пречека …

Continue Reading