Мисајловски-Тигањ: Хрватска останува поддржувач за нашата евроинтеграција

Споделуваме заеднички демократски вредности и принципи, владеење на правото, слобода, безбедност и како земји сојузнички активно придонесуваме во регионалните иницијативи со цел зацврстување на регионалната безбедност и стабилност, заклучија министерот Владо Мисајловски и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба во Министерството за одбрана, на која присуствуваше и одбранбеното аташе полковник Стјепан Домјанчиќ. Мисајловски упати благодарност за континуираната …

Continue Reading

(Видео)Лефков: Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија

Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија? Венко Филипче да не се крие и да одговори за поврзаноста со Ирина Пановска, директорка на Хематологија во негово време и нејзиниот татко сопственик на веледрогеријата Др. Пановски, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Филипче, вели Лефков, е тој што …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски од Лондон: Главен приоритет, добрососедските односи и наоѓање одржливо решение за проблемот со источниот сосед

„Денеска се одржува Самитот на Европската политичка заедница. На самиот Самит имав можност да остварам многу билатерални средби, меѓу кои би ја издвоил билатералната средба со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Потоа средбите со државниците од регионот и соседството како што е средбата со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков …

Continue Reading

Николоски: Исплатени платите за околу 4. 400 вработени во Железници и Пошти

Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти. „Ветив дека 4.400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти“, напиша Николоски. Повика на одговорност за претходните раководства …

Continue Reading

Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа – работиме на изградба на интерконектори

Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Лондон се осврна на енергетиката. „Енергетиката е денес важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина. Да се зборува за енергетика во политиката е една работа, а кога се зборува за реализација на енергетски проекти од технички аспект е сосема друга. …

Continue Reading

„Од ДУИ плачат зошто е укината функцијата економски директор“: Таравари за реакциите на ДУИ

Функцијата економски директор е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги „честеше“ своите луѓе. Сега ДУИ и замерува на Владата што ќе ги укине и што штеди пари на граѓаните, а и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, пишува министерот за здравство Арбен Tаравари откако пратениците на Европскиот фронт на прес конференција во Собранието го обвинија дека врши психолошки …

Continue Reading

Саранда Имери: ВЛЕН со ребалансот на буџетот обезбедува 30 милиони евра за албанските општини

„Коалицијата ВЛЕН со ребаланс на буџетот во рамки на определбите на Владата определи финансиска програма од 6 милијарди денари од кои значителен дел ќе бидат инвестирани само во албанските општини. Од овој вкупен износ од 6 милијарди денари, 1/3 или 30 милиони евра ќе биде наменети за општините со мнозинско албанско население до крајот на 2024 година“, рече Саранда Имери, …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8

„Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8? Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени“, праша Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. „Филипче да …

Continue Reading

„Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била изградена луксузната хациенда. Тоа води кон два заклучоци: 1. Славјанка Петровска не ја продала хациендата, туку ја префрлила на друго лице, за истото да го чува и крие …

Continue Reading