Муцунски – Агелер: земјата посветено ќе продолжи да работи на спроведувањето на неопходните реформи за полноправно членство во ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. Во рамки на средбата, Муцунски ги потенцираше програмските активности на владата во делот на надворешната политика и надворешната трговија и определбата на владата за брзо дејствување во насока на спроведување на неопходните реформи, потребни за забрзување на интегративниот процес. …
Continue Reading
Меџити на средба со Агелер: Испораката на правдата мора да биде неселективна
Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик на Претседателот на Владата и на Република Северна Македонија, Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на САД во нашата држава Ангела Агелер. На средбата Меџити ги истакна клучните приоритети и стратешки определби на новата Влада и упати уверување до амбасадорката Агелер дека како владеачко мнозинство, Владата останува и понатаму максимално …
Continue Reading
Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир. На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на државата кон интеграцијата во Европската унија. Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од Европската унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека …
Continue Reading
Трипуновски: Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за изнаоѓање на решение за откупната цена
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица. На средбата се разговараше за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури. – На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите и со откупувачите …
Continue Reading
Фетаи: ДУИ донесе само лоши работи, се барало мито за добивање дозволи за фирми, при инспекции, при тендерски постапки
Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која замина, вели вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи. Претставниците на оваа криминализирана власт во текот на изминатата година, во сите ешалони без исклучок, барале мито од 10-100.000 евра и разни услуги, од повеќе од половина од анкетираните фирми. …
Continue Reading
Здравковски: СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги што не ги изградиле
СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги кои не само што не ги изградиле, туку не направиле поместување од тоа што го затекнале, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски. Тој рече дека загрижува фактот што Извештајот на Државниот завод за ревизија, наведува дека кај најголем дел од инфраструктурните проекти не само што …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: 24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде, на тоа СДС и ДУИ трошеле пари
24 милиони за километар железница е најверојатно новиот рекорд во светот, а го држи најкорумпираната влада на планетата кока некогаш постоела, таа на СДС и ДУИ, говори најновиот ревизиски извештај, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено 560 милиони евра е целата проекција за 23.4 километри железница од Крива Паланка до границата со Бугарија, која треба да дислоцира стотина куќи и која завршува …
Continue Reading
Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер. На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата. Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за …
Continue Reading
Мицкоски: Изјавите на Радев се дел од средниот век, поминаа времињата кога политичарите виткаа кичма
Maкедонскиот премиер Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен да седне на иста маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и со факти и аргументи да разговара за иднината. Сепак, оцени дека добрососедство не е ако нема меѓусебна почит и ако едната страна е понижена, а другата ликува. Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот …
Continue Reading