Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. „Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска. „Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.

Continue Reading

Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис. „Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни“, изјави Трипуновски. Ова …

Continue Reading

Тошковски-Лимани: Jа анализиравме ситуацијата на граничните премини за пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници

Денеска во МВР, министерот Панче Тошковски се сретна со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. „Заедно ја анализиравме ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници на двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори кога огромен број од нашите …

Continue Reading

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука за именување на раководни кадри на пет државни институции. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. Димовски е доктор на науки, докторирал на тема „Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата која беше поставена во 2015, во времето на поранешниот премиер Никола Груевски, а извадена во 2019, од Зоран Заев, за објектот да биде отворен за граѓаните, повторно ќе биде поставена околу објектот. „Со оглед на тоа што досега објектот на …

Continue Reading

Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ

Движењето ЗНАМ – ЗА наша Македонија денеска одржа прес конференција на која портпаролот Никола Мемов нагласи дека за македонската јавност е од исклучителна важност кој ќе раководи со владата, но исто така битно е да има и силен коректор на полтиките на владата односно силна опозиција. Мемов рече дека членовите на СДСМ избрале старо-нов претседател на своите внатрепартиски избори поради …

Continue Reading

Николоски: Почнуваме со гонење на криминалот! Одговорност ќе има!

ПОЧНУВАМЕ СО ГОНЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ! ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА! Денес во Министерството за транспорт се сретнав со Александар Јанев директор на Бирото за јавна безбедност во МВР и дел од неговиот тим кои работат предмети од областа на организираниот криминал и корупција. На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП Железници Инфраструктура …

Continue Reading

Муцунски-Меидани: Враќањето на проширувањето на ЕУ на агендата е значајно за регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Албанија, Денион Меидани. Министерот Муцунски, посакувајќи му успешна мисија на новиот албански амбасадор, изрази задоволство од билатералната соработка меѓу двете земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете …

Continue Reading

Средба Тошковски – Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал. Тошковски се заблагодари за постојаната поддршка и посветеност на Мисијата на ОБСЕ во напорите за модернизација на полициската служба, особено во делот на професионалното полициско работење, проекти за обука на полициските службеници и модернизирање на …

Continue Reading