Oпштина Аеродром реагира: Ги унапредуваме условите во училиштата за разлика од времето со СДСМ кога децата немаа учебници

  Остро ги отфрламе обвинувањата од СДСМ за тоа дека изминатите години не сме придонеле ништо за модернизација на нашите училишта, затоа што реалноста е сосема различна од нивните тврдења, реагира Општина Аеродром на обвинувањата што претходно денес ги изнесе СДСМ. Општината нагласува дека додека СДСМ беа на власт, учениците не добиваа ниту учебници, што се основни средства за изведување …

Continue Reading

За ВМРО-ДПМНЕ однесувањето на СДСМ е лицемерно: Продадоа сè што можеше да се продаде, а сега критикуват

Социјалдемократскиот сојуз треба да престане да манипулира со јавноста и да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прес-конференција на Боданка Кузеска од СДСМ на тема посетата на претседателката Сиљановска во Софија и знамињата на средбата со нејизниот колега Румен Радев. Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека не е …

Continue Reading

„Вреди“: Фирмата фамилијарно поврзана со пратеникот од ДУИ добила четири тендери

Коалицијата „Вреди“ изнесе нови обвинувања откако вчера објави информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, Артан Груби. Бујаре Абази од „Вреди“ на денешната прес-конференција истакна дека истата фирма, чијшто сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири …

Continue Reading

(Видео) Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клиники и здравствени домови, одговорност ќе има

Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДСM и ДУИ во здравството гледале бизнис. Oва го истакна на прес-конференција, пратникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија тврди дека биле злоупотребувани јавните набавки во ЈЗУ и клиниките. „Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби …

Continue Reading

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со откупувачите и земјоделците во Ресен. На средбата се говореше за откупот на конзумно и индустриско јаболко. Од страна на откупувачите и земјоделците беа предложени и идеи како да се подобри ситуацијата со откупот на конзумно и индустриско јаболко пред неговото официјално започнување. Министерот Трипуновски им вети на земјоделците …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и понатаму е против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари

Филипче продолжува да биде против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако опозициската партија обвини дека парите од унгарскиот кредит се кинески.  „Филипче продолжува да биде против капиталните проекти за кои се обезбедени унгарските пари и против бизнисот кој ке се развива преку супер евтини кредити кои ќе се стават на располагање. Небулозите …

Continue Reading

Абази: Фирма фамилијарно поврзана со пратеник од ДУИ добивала тендери од Министетерството на Груби

Бујаре Абази од Коалицијата Вреди на пред-конференција изнесе нови обвинувања поврзани со раководењето на кадрите на ДУИ во претходниот мандат. Абази изјави дека ДУИ ги користеле народните буџетски средства како приватно чекмеџе за остварување политичко влијание. Во мрежата на главниот извршител Артан Груби, рече Абази, се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење. …

Continue Reading

(Видео) Директорите од СДСМ и ДУИ во болниците набавувале лекови кои не се на листата на ФЗО, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Здравството со СДСМ и ДУИ колабираше. Клиниките и болниците, пациентите и лекарите на свој грб ја осетија криминогеноста, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Според информациите на кои се повика, според извршените контроли од ФЗОМ и другите надлежни институции, нотирани се бројни самоволија во здравствените установи, кои очигледно често биле резултат на личен интерес. „При контролите констатирани се набавки на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски нелегално ги трошел народните пари за субвенции за фирми блиски до партијата

Ексминистерот Љупчо Николовски давал под закуп земја на фирми блиски до СДСМ, ја дозволувал нивната нелегална работа и го оштетувал буџетот кој се полни со пари на граѓаните, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите. Владејачката партија тврди дека на фирмата ДЗС Илинден и се давале субвенции иако договорот за закуп бил раскинат. „Во 2019 година е започнат спор за …

Continue Reading